Моќни цитати од жени кои ќе ве потсетат колку сте значајни и силни
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Моќни цитати од жени кои ќе ве потсетат колку сте значајни и силни

Секојдневно слушаме за жени кои не им се покоруваат на правилата и стереотипите, жени кои храбро се движат кон своите цели и прават позитивна промена во светот. А, зарем има некој што може подобро да ве инспирира од овие жени?

mokjni-citati-od-zheni-shto-kje-ve-potsetat-kolkava-e-vashata-sila01.jpg

Прочитајте неколку моќни цитати од жени што ќе ве потсетат колкава е вашата сила:

„Мајка ми ме научи да бидам дама. А, за неа тоа значеше да бидеш своја личност, да бидеш независна“ – Рут Бејдер Гинзбург

„Успехот на секоја жена треба да биде инспирација за другите. Треба да се издигнуваме една со друга. Осигурете се дека ќе бидете многу храбри. Бидете силни, бидете многу добри и, пред сè, бидете скромни“ – Серена Вилијамс

„Размислувај како кралица. Кралицата не се плаши од неуспех. Неуспехот е само уште еден чекор до успехот“ – Опра Винфри

„Толеранцијата и емпатијата се активни, а не пасивни состојби, родени од способноста да ги слушате, набљудувате и почитувате другите“ – Индира Ганди

mokjni-citati-od-zheni-shto-kje-ve-potsetat-kolkava-e-vashata-sila-02.jpg

„Не можеме да се справиме со некоја криза ако не ја третираме како криза. И, ако не можеме да најдеме решениe во системот, тогаш можеби треба да го промениме самиот систем“ – Грета Тунберг

„Ако сакате нешто да биде кажано, побарајте маж. Ако сакате нешто да биде направено, побарајте жена“ – Маргарет Тачер

„Ми требаше долго време да го развијам мојот глас и сега, кога го имам, нема да молчам“ – Маделин Олбрајт

mokjni-citati-od-zheni-shto-kje-ve-potsetat-kolkava-e-vashata-sila-03.jpg

„Мораме да си ја промениме перцепцијата за тоа како се гледаме себеси. Мора да истапиме како жени и да го преземеме водството“ – Бијонсе

„На ниту една жена не треба да ѝ се каже дека не може да донесува одлуки за нејзиното тело. Кога ќе бидат нападнати женските права, ние ќе го возвратиме ударот“ – Камала Харис

„Имав две опции. Едната беше да продолжам да молчам и потоа да бидам убиена од терористи. Втората беше да зборувам за своите права, а потоа да умрам. Јас ја одбрав втората“ – Малала Јусуфзаи

mokjni-citati-od-zheni-shto-kje-ve-potsetat-kolkava-e-vashata-sila-04.jpg

„Не постои порта, брава или катанец што може да ја зароби слободата на мојот ум“ – Вирџинија Вулф

„Ширете љубов каде и да одите. Не дозволувајте некој да не се чувствува посреќно откако ве сретнал вам“ – Мајка Тереза

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Инспиративни цитати за секоја нова мајка и нејзиното тело по породувањето Без оглед како и да се породила, телото на мајката во најголем број случаи веќе ...
Жено, биди кралица! Биди кралица. Биди нежна. Нека те водат нови идеи постојано, уживај во тоа што с...
12 цитати за негативните луѓе „На негативните луѓе драмата им е како кислород. Останете позитивни, ќе им го од...

Најчитани неделава