Роднини нацисти, кралицата му е трета братучетка – помалку познати факти за принцот Филип

Иако принцот Филип не привлекува внимание колку неговата сопруга, кралицата Елизабета, тој е еден од поинтересните членови на кралското семејство.

rodnini-nacisti-kralicata-mu-e-treta-bratucheda-pomalku-poznati-fakti-za-princot-filip-01.jpg

Принцот Филип има бурно минато и во животот се соочил со секакви предизвици, а бил принуден да направи и неколку жртви. Но, и покрај сите премрежија, тој е толку позитивен, што им бил омилената личност на вработените во палатата.

Годинава принцот Филип ќе полни 100 години, а во продолжение можете да прочитате неколку забавни факти за неговиот живот:

Тој всушност не е Британец

Иако принцот Филип, заедно со кралицата Елизабета, со децении ја претставува Велика Британија, тој всушност не е Британец.

Пред да стапи во брак со Елизабета, младиот Филип бил принц на Грција и Данска, внук на грчкиот крал, роден на островот Крф. Тој воопшто не бил жител на Англија, но сепак има и англиски корени.

„Ако ништо друго, се сметам себеси за Скандинавец, особено Данец“, има изјавено тој.

rodnini-nacisti-kralicata-mu-e-treta-bratucheda-pomalku-poznati-fakti-za-princot-filip-02.jpg

Имал бурно детство

Кралицата и принцот не се многу отворени кога станува збор за тешкото детство на Филип, но јавноста сепак знае некои информации.

Кога ѝ дошол крајот на монархијата во Грција, семејството на Филип избегало од државата, а него го криеле во кошница за овошје. Неговото семејство живеело во Франција, но по некое време неговите четири сестри се омажиле и се иселиле, татко му ги напуштил, а мајка му имала ментални проблеми и завршила во установа.

„Мајка ми беше болна, сестрите се омажија, а татко ми беше на југот од Франција – јас, едноставно, морав да продолжам понатаму“.

Малиот Филип целото детство го поминал менувајќи училишта во Англија, Германија и Шкотска.

rodnini-nacisti-kralicata-mu-e-treta-bratucheda-pomalku-poznati-fakti-za-princot-filip-03.jpg

Неговите роднини биле нацисти

Едната сестра на Филип, Сесил, не се омажила со кого било – таа стапила во брак со нацист. Исто како сопругот, и Сесил ѝ се придружила на нацистичката партијата, а по нејзината смрт во 1937-та, Филип морал да присуствува на погребот опкружен со нацисти.

Другата сестра на Филип си го крстила детето по Адолф Хитлер, а на венчавката со Елизабета не била поканета ниту една од нив.

rodnini-nacisti-kralicata-mu-e-treta-bratucheda-pomalku-poznati-fakti-za-princot-filip-04.jpg

Има роднинска врска со неговата сопруга

Добро познат факт е дека членовите на кралските семејства скоро секогаш стапувале во брак со нивни роднини, како први братучеди, а слична е ситуацијата и на Филип и Елизабета.

Бидејќи и Филип и Елизабета се пра-пра-правнуци на кралицата Викторија и принцот Алберт, тие се всушност трети братучеди.

rodnini-nacisti-kralicata-mu-e-treta-bratucheda-pomalku-poznati-fakti-za-princot-filip-05.jpg

Не сакал да се откаже од кариерата во морнарицата

Филип бил горд на својата кариера во морнарицата и се надевал дека ќе биде активен уште долго време. Но, кога Елизабета стана кралица, сите планови му пропаднале во вода.

„Мислев дека ќе имам долга кариера во морнарицата, но стана очигледно дека нема надеж за мене. Немаше друг избор. Мора да правите компромис, таков е животот. Јас го прифатив тоа и се обидувам да го извлечам најдоброто од ситуацијата“, има изјавено тој.

Во едно интервју тој дури нагласи дека многу повеќе би сакал да остане во морнарицата, отколку да се справува со сите кралски должности.

rodnini-nacisti-kralicata-mu-e-treta-bratucheda-pomalku-poznati-fakti-za-princot-filip-06.jpg

Прочитајте и Елизабета го избра најсиромашниот принц за сопруг - 17 факти за принцот Филип

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...

Најчитани неделава