Дошол во земјата како бегалец, обожава здолништа и лак за нокти: Кој е Тусе, евровизискиот претставник на Шведска?

Евровизискиот претставник на Шведска оваа година е Тусе кој ја претставува земјата со песната „Voices“. Тој победил на манифестацијата Melodifestivalen, а сега си ја проба среќата и на евровизиската сцена.

Doshol-vo-zemjata-kako-begalec-obozava-suknji-i-lak-za-nokti-pobedil-na-svedskiot-izbor-i-sednal-da-pishuva-seminarska-koj-e-Tuse-pretstavnikot-na-svedska-na-evrovizija-01.jpg

Постојат повеќе интересни факти за 19-годишната музичка ѕвезда. Како на пример дека во земјата дошол како бегалец, дека почнал да ја гради кариерата уште како момче, а обожава сукњи и лак за нокти.

Еве повеќе факти што не сте ги знаеле за шведскиот претставник:

Дошол како бегалец во Шведска

Вистинското име на Тусе е Тусин Чиза, а е роден во Кинхаса, во Демократската Република Конго, на 1-ви јануари 2002 година. Како момче го оставил семејството и побегнал од земјата што била зафатена со војна.

Кога имал само пет години, заедно со неговата тетка, браќата, сестрите и братучедите живееле 3 години во бегалски камп во Уганда, а во Шведска дошол кога имал 8 години.

Во шведското село Кулсбјоркен се преселил во 2015-тата година, односно кога имал 13 години. Сепак, се трудел да ги зачува обичаите на Конго.

Како што вели, неговиот музички талент се должи на начинот на кој што растел, затоа што музиката и танцот се интегрален дел од културата на Конго.

Тој останал во контакт со неговите биолошки родители, а неговиот татко го поддржувал и на изборот за песна во Шведска.

https://www.instagram.com/p/CPA-YzYDOS8/?utm_source=ig_web_copy_link

Тоа што сум среќен е мојата одмазда

Тој понатаму вели дека има особена желба за носење здолништа и лак за нокти, што голем број момчиња не сакаат да ги носат. Тој ја користи музиката како начин за борба против веќе воспоставените очекувања и предрасудите.

„Секогаш го кажувам она што го мислам, секогаш сум среќен и луѓето имаат проблем со тоа, па тоа на некој начин е мојата одмазда“ – вели Тусе.

Мајка му без негово знаење го пријавила на Talang во 2018

Музичкиот талент на Тусе бил забележан многу рано. Така кога имал само 16 години, мајка му го пријавила на шоуто Talang (Шкотска има талент) без негово знаење.

За шоуто дознал дури откако добил телефонски повик во кој му рекле дека  треба да се јави на аудиција. На ова шоу стигнал до полуфиналните натпревари.

Тој стана шведски Идол

По Talang Тусе се пријавил на друго шоу за таленти. Следната година бил учесник во шведскиот Идол. Стасал до финалето и излегол како победник во шоуто.

Неговата победничка песна Rain се нашла на 63-тото место на шведските топ-листи.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg