Психички проблеми, космичка радијација – 9 причини зошто животот на астронаутите е далеку од забавен

Вселенските тоалети се далеку од практични, а изолацијата додека трае мисијата на Вселенската станица неретко е причина за појава на депресија и анксиозност кај астронаутите.

naporen-trening-psihichki-problemi-kosmichka-radijacija-9-prichini-zoshto-zhivotot-na-astronautite-e-daleku-od-zabaven-01.jpg

Сите барем еднаш сме посакале да станеме астронаути и да ја истражуваме вселената. Иако сме далеку од вселенски летала како во Star Wars со кои можеме да одиме од една до друга планета, астрономијата забележа толкав напредок изминативе неколку децении, што сега си имаме и вселенска станица во орбитата на Земјата.

Меѓународната вселенска станица можат да ја посетат само квалификувани личности, обично експерти од областа на инженерството, и иако ова ни се чини како работа од соништата, секој астронаут ќе ви каже дека нештата се далеку од совршени.

Животот на астронаутите не е воопшто лесен, а во продолжение погледнете 9 причини зошто:

Тренингот е особено напорен

За да стигнете до тренингот, најпрво треба да бидете одбрани од илјадници кандидати и да ги исполнувате условите на НАСА – факултетска диплома од областа на инженерството, природните науки или математика, над три години искуство во вашата област и, за крај, треба да бидете физички и психички подготвени да го поминете тренингот.

Тренингот, пак, на астронаутите е многу, многу напорен. За да се подготват за нивниот подвиг, астронаутите учат да управуваат со летала. Потоа тренираат да извршуваат разни задачи во симулирана микрогравитација, односно во огромен базен. Притоа мораат да ја носат целата опрема што би ја носеле во вселената. Астронаутите минуваат и тренинг за преживување, учат руски јазик и ги учат барем најосновните работи за управување со апаратурата на Меѓународната станица.

naporen-trening-psihichki-problemi-kosmichka-radijacija-9-prichini-zoshto-zhivotot-na-astronautite-e-daleku-od-zabaven-02.JPG

Гадење и повраќање

Нашите тела не се дизајнирани за микрогравитација, па неретко астронаутите се соочуваат со гадење и повраќање кога ќе отидат во вселената.

Обично тие се адаптираат на бестежинската состојба во вселената, но во првите неколку денови секогаш постои можност да повратат. Имајте на ум дека додека трае сето ова, тие се затворени во мал простор и кога ќе се случи незгода, не можат да отворат прозорец или да ја напуштат просторијата. Поради ова, во Станицата доста често има и непријатен мирис.

naporen-trening-psihichki-problemi-kosmichka-radijacija-9-prichini-zoshto-zhivotot-na-astronautite-e-daleku-od-zabaven-03.JPG

Ќе почне да ви се лупи кожата на стапалата

Астронаутот Тим Пик има изјавено дека едно од најгадните нешта што ги искусил во вселената е лупењето на кожата на стапалата.

Бидејќи астронаутите речиси воопшто не ги користат нозете во вселената – освен кога вежбаат – тврдата кожа од нивните стапала почнува да се лупи. Наводно, поради ова, мораат да бидат особено внимателни кога ги соблекуваат чорапите бидејќи во спротивно ќе ја наполнат кабината со парчиња излупена кожа.

naporen-trening-psihichki-problemi-kosmichka-radijacija-9-prichini-zoshto-zhivotot-na-astronautite-e-daleku-od-zabaven-04.JPG

Долгата изолација може да ве полуди

Мисиите на Меѓународната вселенска станица можат да траат и по неколку месеци, а кога толку долго сте затворени во мал простор со истите луѓе, можно е да почувствувате последици и по психичкото здравје.

Истовремено, астронаутите имаат малку простор за правење грешки ако не сакаат да си го загрозат животот, па само замислете го стресот со којшто се соочуваат.

Астронаутите често имаат проблеми со осаменост, депресија, анксиозност, променливо расположение, а во поретки случаи и посттрауматски стрес.

naporen-trening-psihichki-problemi-kosmichka-radijacija-9-prichini-zoshto-zhivotot-na-astronautite-e-daleku-od-zabaven-05.JPG

Бучавата на станицата некогаш е неподнослива

Иако во вселената владее „мртва тишина“, во Станицата и вселенските летала ситуацијата е поразлична. Бидејќи тие се опремени со секаква опрема – од вентилатори, па сè до електронски уреди кои се постојано вклучени – внатре речиси секогаш има врева.

Двајца астронаути, Бил Мекартур од НАСА и Валери Токарев од Русија, се вратија од Станицата со оштетен слух поради гласната врева.

naporen-trening-psihichki-problemi-kosmichka-radijacija-9-prichini-zoshto-zhivotot-na-astronautite-e-daleku-od-zabaven-06.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg