10 забавни факти кои звучат како лага, но се вистина

Знаевте ли дека мамутите уште чекореле по Земјата додека се граделе пирамидите во Египет? Во овој миг, односно 2021 година, 2050 година ни е поблиску од 1990-та.

10-zabavni-fakti-koi-zvuchat-kako-laga-no-se-vistina-01.jpg

Марк Твен рекол дека реалноста е почудна од фикцијата и дефинитивно бил во право. Како што вели самиот, за нас фикцијата мора да има некаква смисла, додека реалноста не е „обврзана“ да го следи здравиот разум.

Секој од нас многупати налетал на ситуација, факт или што било што го потврдило тврдењето на Твен.

Во продолжение погледнете неколку факти што го докажуваат тоа:

1. Можете да ги сместите сите планети од Сончевиот систем помеѓу Месечината и Земјата. Иако на илустрациите и симулациите од Сончевиот систем Земјата и Месечината изгледаат релативно близу, растојанието помеѓу нив изнесува околу 380.000 километри. Збирот на дијаметарот на планетите во Сончевиот систем (освен Земјата) изнесува приближно 380.008 километри, што значи има доволно простор за сите.

10-zabavni-fakti-koi-zvuchat-kako-laga-no-se-vistina-02.jpg

2. Синиот кит е најголемиот цицач на планетата, но има многу мало грло, со дијаметар од само 12-20 сантиметри.

10-zabavni-fakti-koi-zvuchat-kako-laga-no-se-vistina-03.JPG

3. На Земјата уште имало мамути кога се граделе пирамидите во Гиза. Поголемиот дел од мамутите изумреле пред околу 10.000 години, но мал број, се претпоставува околу 500-1.000 мамути, преживеале до 1650 година п.н.е. Ова е околу 1.000 години по изградбата на пирамидите во Гиза.

10-zabavni-fakti-koi-zvuchat-kako-laga-no-se-vistina-04.JPG

4. Универзитетот Оксфорд е стар речиси цел милениум, односно 925 години. Универзитетот е основан во 1096 година и е постар од Мачу Пикчу, како и цивилизацијата на Ацтеките.

10-zabavni-fakti-koi-zvuchat-kako-laga-no-se-vistina-05.JPG

5. Клеопатра живеела поблиску до измислувањето на смартфоните, отколку градењето на пирамидите во Египет. Владетелката е родена во 69 година п.н.е., додека пирамидите во Гиза биле градени во периодот 2550-2490 година п.н.е.

10-zabavni-fakti-koi-zvuchat-kako-laga-no-se-vistina-06.JPG

Уште 5 факти на следната страна...



Би можело да ве интересира:

20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg