Убил над 36 жени, не чувствувал вина за ниту една од нив – Кој е Тед Банди, најозлогласениот убиец на 20-тиот век?

По второто бегство во декември, Тед отишол во Флорида и само околу еден месец по бегството нападнал четири студентки во нивната соба и убил две од нив. Следниот месец, Тед киднапирал и убил 12-годишно девојче.

Кратко по овие убиства Тед конечно и за последен пат бил фатен од полицијата, по што почнало неговото судење и јавноста сфатила за каков монструм станува збор.

ubil-nad-36-zheni-si-igral-so-nozhevi-na-3-godishna-vozrast-koj-e-ted-bandi-najozloglaseniot-ubiec-na-20-tiot-vek-06.JPG

Тед самиот признал дека убил 36 жени, но оние кои работеле на случајот се сомневаат дека бројката можеби стигнува и 100. На 12 од жртвите Тед им ја пресекол главата. Уште поморничаво е тоа што Тед изјавил дека не чувствува вина за буквално ништо.

ubil-nad-36-zheni-si-igral-so-nozhevi-na-3-godishna-vozrast-koj-e-ted-bandi-najozloglaseniot-ubiec-na-20-tiot-vek-04.JPG

Во периодот кога почнал со убиствата, Тед имал девојка – самохрана мајка со проблеми со алкохолот. Со неа Тед се однесувал прекрасно, но таа почнала да ги забележува доцните излегувања како и фактот дека чува сатар во фиоката од бирото, па се посомневала дека се случува нешто. Всушност, таа и тајно го пријавила во полиција во 1974-та, но никој не ѝ поверувал.

Следната година таа повторно отишла во полиција, овојпат со докази, со тоа помагајќи во неговото апсење. По ова, нормално, таа го оставила.

ubil-nad-36-zheni-si-igral-so-nozhevi-na-3-godishna-vozrast-koj-e-ted-bandi-najozloglaseniot-ubiec-na-20-tiot-vek-02.JPG

Додека ја чекал пресудата, во 1980 година Тед се венчал и добил ќерка со сопругата Керол Ан Бун. Наводно, Керол не верувала дека тој е виновен за убиствата, но три години пред неговата егзекуција нештата ѝ се разјасниле, па се развела од него. Не е познато што се случува со нивната ќерка.

Банди бил во затвор неколку години, а имал добиено неколку доживотни казни, како и смртна. Убиецот е погубен на 24 јануари 1989 година.

ubil-nad-36-zheni-si-igral-so-nozhevi-na-3-godishna-vozrast-koj-e-ted-bandi-najozloglaseniot-ubiec-na-20-tiot-vek-10.JPG

Поради неговиот шарм, Тед бил славна личност со бројни фанови додека траело неговото судење. Оние кои го познавале лично, неретко имаат изјавувано дека Тед бил најшармантната и најинтелигентната личност што ја познаваат – нешто што дефинитивно му ја олеснило работата.

На денот на егзекуцијата имало цела толпа народ пред затворот кои пукале и огномети откако Тед бил убиен.

Сите нè лазат морници кога помислуваме на Тед Банди, најмногу поради фактот што тој воопшто не изгледа како убиец. Кога би го сретнале на улица, можеби дури и ќе ви се допаднел. Всушност, многумина велат дека Тед е одличен пример за тоа како би изгледал психопат убиец - како шармантен и интелигентен човек, а не како чудовиште од кое би бегале сите.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Еден брак ѝ траеше 274 дена, бивши сопруг ѝ остави 18.000 рози на гробот - Бурниот љубовен живот на ... Една од најубавите жени на сите времиња, Мерилин Монро, имала бурен љубовен живо...
8 фрази кои е во ред да ги кажете кога некому му починала блиска личност „Тој/таа беше прекрасна личност. Ги ценам моментите што ги имав со него/неа (и с...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg