Неговата виолина чини 7 милиони долари, сака да свири на Месечината – забавни факти за Андре Риу, најпознатиот виолинист во светот
Во брак е 46 години, свири на виолина напрaвена во 1667 година, а најголема желба му е да одржи концерт на Северниот Пол или на Месечината - Андре Риу е навистина посебна личност.

Холандскиот виолинист Андре Риу е дефинитивно најпознатиот класичен музичар, препознатлив не само по неговиот талент, туку и спектакуларните сценски настапи.
Андре има 71 година, секоја година одржува најмалку 70 настапи и дури и оние кои не сакаат класична музика го знаат неговото име.
Во продолжение неколку забавни факти за познатиот виолинист што сигурно не сте ги знаеле:
Иако речиси никогаш не го гледаме со сопругата, Андре е во среќен брак дури 46 години. Сопругата Марџори избегнува да присуствува со него на јавни настани бидејќи вели дека не сака да ја дефинираат според нејзиниот сопруг кој е светски позната ѕвезда. Парот има и две деца.
Иако е музичар, кога се релаксира, Андре не сака да слуша музика. Ова е донекаде разбирливо – по цел ден свирење, нормално е да сака малку тишина.
Музичката кариера го направи Андре милионер, но пред неколку години беше пред банкрот. Всушност, самиот има изјавено дека банкротирал откако потроши околу 60 милиони долари за да направи реплика на дворецот Шенбрун во Виена за турнеја во 2008 година. Со овој подвиг, тој стана и рекордер - ова е досега најголемата сцена направена за турнеја.
Засега неисполнета желба на Андре е да одржи концерт на Северниот Пол, сè со цел да ја зголеми свесноста за глобалното затоплување. Тој вели дека не би сакал да заработува од овој концерт и со задоволство би свирел бесплатно за поларните мечки – едно од неговите омилени животни.
Андре има и уште една, многу поамбициозна желба – концерт на Месечината. Виолинистот се надева дека ќе го доживее денот кога ќе може да одржи концерт на база на Месечината.
Повеќе факти на следната страна...
Би можело да ве интересира:
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ...
Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ
„Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...
Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти з...
Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и...