Неговата виолина чини 7 милиони долари, сака да свири на Месечината – забавни факти за Андре Риу, најпознатиот виолинист во светот
Во брак е 46 години, свири на виолина напрaвена во 1667 година, а најголема желба му е да одржи концерт на Северниот Пол или на Месечината - Андре Риу е навистина посебна личност.
Холандскиот виолинист Андре Риу е дефинитивно најпознатиот класичен музичар, препознатлив не само по неговиот талент, туку и спектакуларните сценски настапи.
Андре има 71 година, секоја година одржува најмалку 70 настапи и дури и оние кои не сакаат класична музика го знаат неговото име.
Во продолжение неколку забавни факти за познатиот виолинист што сигурно не сте ги знаеле:
Иако речиси никогаш не го гледаме со сопругата, Андре е во среќен брак дури 46 години. Сопругата Марџори избегнува да присуствува со него на јавни настани бидејќи вели дека не сака да ја дефинираат според нејзиниот сопруг кој е светски позната ѕвезда. Парот има и две деца.
Иако е музичар, кога се релаксира, Андре не сака да слуша музика. Ова е донекаде разбирливо – по цел ден свирење, нормално е да сака малку тишина.
Музичката кариера го направи Андре милионер, но пред неколку години беше пред банкрот. Всушност, самиот има изјавено дека банкротирал откако потроши околу 60 милиони долари за да направи реплика на дворецот Шенбрун во Виена за турнеја во 2008 година. Со овој подвиг, тој стана и рекордер - ова е досега најголемата сцена направена за турнеја.
-->
-->
Засега неисполнета желба на Андре е да одржи концерт на Северниот Пол, сè со цел да ја зголеми свесноста за глобалното затоплување. Тој вели дека не би сакал да заработува од овој концерт и со задоволство би свирел бесплатно за поларните мечки – едно од неговите омилени животни.
-->
Андре има и уште една, многу поамбициозна желба – концерт на Месечината. Виолинистот се надева дека ќе го доживее денот кога ќе може да одржи концерт на база на Месечината.
Повеќе факти на следната страна...
-->
Би можело да ве интересира:

Најемотивните стихови од песните на ДНК: „Небо мое, кажи што да направам, небо мое каде да се помола...
Од првата „Девојка за везден“, па сè до најновата „Фала“, Андреј и Панчо од ДНК ...

Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“
„Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...

Факти за Лена од дуото „Тату“: Виновна е за распадот на групата, во брак е со руски бизнисмен
Се претпоставува дека Лена Катина е одговорна за распадот на руското дуо „Тату“ ...

Факти за Бил Скарсгард, „кралот“ на хорор филмовите: Имал кошмари од улога, живее како номад
Улогата во It го направи светски познат, но вели дека имал кошмари од морничавио...

Посакува вистинска љубов, би снимил „филм за возрасни“ - Кој е „Принц од Врање“, евровизискиот претс...
Едни го споредуваат со Аладин, други велат дека ги потсетува на Тарзан. Кој е пе...

Сакал да се прејадува, одбивал анестезија за операција: Факти за Марлон Брандo, најчудниот холивудск...
На Марлон Брандо не му недостасувале луди идеи и еднаш изразил желба да користи ...