Неговата виолина чини 7 милиони долари, сака да свири на Месечината – забавни факти за Андре Риу, најпознатиот виолинист во светот
Андре е вистински гениј, и тоа не само кога станува збор за музиката – виолинистот може да зборува дури шест јазици, односно англиски, германски, француски, италијански, шпански и неговиот мајчин јазик - холандски.
Тој е најпродаваниот класичен музичар и досега има продадено над 40 милиони албуми ширум светот.
Андре свири на виолина која чини околу седум милиони евра. Станува збор за оригинална Страдивариус виолина направена во 1667 година. За својот инструмент, тој на шега има изјавено:
„Спијам со сопругата, но виолината секогаш е помеѓу нас“.
Секоја година, над 70.000 фанови ги посетуваат концертите на Андре. Според ова, неговите настапи се едни од најпосетените во светот.
Виолинистот сонувал да живее во замокот во којшто живее денес уште откако бил дете. Тој првпат го посетил замокот на 6-годишна возраст кога одел на часови по пијано и уште тогаш си ветил дека еден ден ќе живее таму.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ...
Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ
„Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...
Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти з...
Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и...