Доналд Трамп има забрана за присуство, влезниците чинат и до 50.000 долари – забавни факти за Мет галата

Мет галата е настан што се одржува секоја година, а со кој се обележува отворањето на годишната модна изложба на Институтот за костуми при музејот Метрополитен (познат и како Мет) во Њујорк.

donald-tramp-ima-zabrana-za-prisustvo-vleznicite-chinat-i-do-50-000-dolari-zabavni-fakti-za-met-galata01.jpg

Првата Мет Гала се одржала во 1948 година, со цел да се соберат пари за тогаш новиот Институт за костуми. Тогаш влезниците чинеле по 50 долари, а целиот настан бил само вечера околу полноќ.

До денес Мет галата прерасна во еден од најексклузивните настани во светот каде што присуствуваат само најважните луѓе од светот на шоу-бизнисот. Мет галата е и еден од најголемите извори на приход за Институтот на костуми во Метрополитен.

Генерално, целта на настанот е да се промовира Институтот и да се соберат пари, но денес Мет галата е и еден вид модна ревија, каде што дизајнерите имаат можност да ги покажат нивните најдобри креации.

Поради ова, Мет галата неретко е нарекувана и „модна верзија на „Оскарите“

Во продолжение неколку забавни факти за Мет галата:

1. Влезницата за Мет галата чини од 30.000 до 50.000 долари. „Закажување“ на цела маса може да чини помеѓу 275.000 и 500.000 долари, и ова најчесто го користат големи компании, како Apple, кои канат гости, а за кои Ана Винтур одлучува дали може да дојдат.

Иако многу славни личности можат да си дозволат единечните влезници, последниот збор секогаш го има Ана Винтур која не им продава влезници на оние кои смета дека не заслужиле да присуствуваат на настанот. 

2. Секоја ѕвезда што присуствува на настанот треба да носи дизајнерска креација која одговара со темата на забавата.

На пример, годинава темата беше „Американска независност“, па ѕвездите носеа креации инспирирани од историјата на САД, боите на американското знаме и слично.

 donald-tramp-ima-zabrana-za-prisustvo-vleznicite-chinat-i-do-50-000-dolari-zabavni-fakti-za-met-galata-02.JPG

3. Интересот за Мет галата е огромен, па секоја година има листа на чекање. Неретко дури и најголемите имиња од светот на шоу-бизнисот не можат да дојдат на ред. Сепак, тие треба да бидат подготвени бидејќи некогаш се ослободува место во последен момент.

4. Секоја година бројот на присутни е различен, но генерално на Мет галата присуствуваат околу 600 луѓе. Ако некоја ѕвезда сака да дојде со својот партнер, партнерот мора да биде поканет. Во спротивно не смее да присуствува.

donald-tramp-ima-zabrana-za-prisustvo-vleznicite-chinat-i-do-50-000-dolari-zabavni-fakti-za-met-galata-03.JPG

5. Бидејќи на Мет галата присуствуваат многу ѕвезди, овде се склучуваат многу пријателства, кои некогаш се претвораат и во врски.

На пример, Тејлор Свифт и Том Хидлстон се запознале на Мет галата пред да ја почнат кратката врска. Се верува и дека Бредли Купер и Ирина Шајк се запознале на Мет галата.

6. Главната уредничка на Вог – Ана Винтур – има огромен удел во планирањето и организацијата и ништо не се случува без нејзино одобрение. Наводно, Ана е одговорна и за најситните детали како приборот за јадење.

donald-tramp-ima-zabrana-za-prisustvo-vleznicite-chinat-i-do-50-000-dolari-zabavni-fakti-za-met-galata-04.JPG

7. Додека траат подготовките за Мет галата, распоредот на седење на присутните постојано се менува, но секогаш важи едно правило – брачните партнери не смеат да седат едни до други.

Наводно, целта на овој настан е да се запознаат нови луѓе, па бесмислено е ако секој се дружи само со својот сопружник.

8. Но, не сите се задоволни од распоредот на седење - во 2006 година на Џон Лидон од The Sex Pistols не му се допаѓало местото na седење, па бурно го напушти настанот.

Наводно, тој бил сместен на најлошото место на настанот и толку бил гневен што почнал да ги пцуе вработените.

donald-tramp-ima-zabrana-za-prisustvo-vleznicite-chinat-i-do-50-000-dolari-zabavni-fakti-za-met-galata-05.JPG

9. Ана Винтур забранила да се послужува магдонос на настанот бидејќи останувал на забите. Забранети се и кромидот и лукот од очигледни причини.

10. На Мет галата строго се забранети смартфоните, најмногу за безбедноста на славните гости, но и за сите да уживаат повеќе. Кајли Џенер еднаш го прекрши ова правило со фотката подолу која веднаш стана хит.

donald-tramp-ima-zabrana-za-prisustvo-vleznicite-chinat-i-do-50-000-dolari-zabavni-fakti-za-met-galata-06.JPG

11. Од 2018 година има возрасна граница, па на Мет галата не можат да присуствуваат малолетни лица, односно помлади од 18 години.

12. Бидејќи некои познати личности носат накит вреден и по неколку милиони долари, покрај нивното лично обезбедување, имаат и други телохранители кои всушност внимаваат на накитот.

donald-tramp-ima-zabrana-za-prisustvo-vleznicite-chinat-i-do-50-000-dolari-zabavni-fakti-za-met-galata-07.JPG

13. Присутните на Мет галата можат слободно да шетаат и да го разгледуваат музејот Метрополитен и тие се првите кои имаат можност да ја погледнат изложбата на годината на Институтот за костуми.

14. На Мет галата има и инспектори кои проверуваат дали некој од присутните пуши цигари во музејот. Пушењето е забрането во музејот, освен на местата обележани за тоа.

Наводно, ова почнало од 2017 година, откако неколку познати личности беа фотографирани со цигара во тоалетите на музејот.

donald-tramp-ima-zabrana-za-prisustvo-vleznicite-chinat-i-do-50-000-dolari-zabavni-fakti-za-met-galata-8.JPG

15. Доналд Трамп и Тим Ган имаат забрана за присуствување на Мет галата. На шоуто на Џејмс Корден, Ана Винтур изјави дека никогаш повеќе нема да го покани Доналд Трамп на Мет галата, најверојатно од политики причини. Американскиот автор Тим Ган, пак, има забрана од Ана бидејќи јавно ја навреди.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...
Се запишале на факултет со лажен идентитет: Што знаеме за ќерките на Владимир Путин? Владимир Путин има две ќерки од првиот брак. Нивните имиња ѝ се познати на јавно...
„Животот почнува во 30-ите, кога веќе не мора да барате изговори за себе“ - Инспиративни цитати од Џ... „Имам голема слабост – сакам да верувам дека секој човек има и добра страна“ - ц...
9 факти за женското тело што звучат нереално Жените имаат посилно сетило за мирис и имаат поголеми шанси да преживеат сериозн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg