Некои ѕвезди добиваат до 250.000 долари за да носат нечија креација – забавни факти за модата на црвениот тепих
За да се осигурат дека креацијата ќе изгледа совршено на црвениот тепих, дизајнерите прават стотици фотографии од познатите личности додека ја пробуваат облеката, и тоа најчесто со полароидна камера бидејќи, наводно, најдобро го доловува светлото на настаните.
Иако неретко славните носат креации што сме ги виделе на модна писта, целата облека се преправа специјално за нив за да им стои што е можно подобро.
Некогаш славните одбираат да не носат дизајнерки парчиња. На пример, во 2015 година Сара Џесика Паркер носеше H&M фустан на Мет галата. Славните се имаат појавувано на овие настани и со облека од Zara и Topshop.
Иако изгледот на славните се планира со месеци, можно е да се направат огромни промени и во последен момент, односно само неколку часа пред почетокот на настанот.
Стилистите секогаш имаат и резервен план во случај нештата да тргнат на лошо со првиот избор на креација. Ова најчесто се случува ако стилистите откријат дека некоја друга ѕвезда ќе носи слична облека.
Многу често стилистите користат самолепливи ленти за да им направат длабоко деколте на славните дами кое ќе изгледа „природно“.
Некогаш е невозможно славните да носат „обична“ долна облека со креациите и тогаш носат долна облека која се лепи за нивното тело. Поради ова, си имаат и „пријател“ којшто им помага да одат во тоалет.
Неретко славните носат чевли со поголем број за да го избегнат создавањето плускавици и рани.
Некои стилисти ставаат шмиргла на долниот дел на чевлите на славните за да се намали ризикот од лизгање, а со тоа и паѓање.
Некогаш модните брендови канат славни личности на Мет галата и им ги плаќаат влезниците, но тогаш од славната личност се очекува да носи креација од тој бренд.
Истите стилисти што ги облекуваат ѕвездите за важните настани им помагаат и при изборот на секојдневна облека. Па, не очајувајте ако не можете да склопите комбинација како Џиџи Хадид или која било ѕвезда, бидејќи тие имаат професионалци чија единствена задача е да ги облечат убаво.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з...
Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани?
„Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
8 фрази кои е во ред да ги кажете кога некому му починала блиска личност
„Тој/таа беше прекрасна личност. Ги ценам моментите што ги имав со него/неа (и с...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М...
Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело
Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос?
Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...