Љубовен триаголник, ќерка која страда од депресија – Факти за Даниел Крејг, фамозниот Џејмс Бонд


Љубовен триаголник, ќерка која страда од депресија – Факти за Даниел Крејг, фамозниот Џејмс Бонд

Даниел Крејг (53) е во складен брак со Рејчел Вајс (51) со која се запознале уште додека бил на факултет, но малкумина знаат дека има и возрасна 29-годишна ќерка од друг брак која тргна по неговите стапки и ја гради кариерата како актерка.

ljuboven-triagolnik-kjerka-koja-strada-od-depresija-fakti-za-daniel-krejg-famozniot-djejms-bond-01.jpg

Даниел Крејг (53) за последен пат се појави во улогата на Џејмс Бонд, во најновиот филм No time to die, а по повеќе одложувања поради пандемијата, публиката конечно има можност да го погледне филмот на големото платно.  

postarata-kjerka-na-daniel-krejg-ela-29-strada-od-depresija-i-disleksija-fakti-od-zhivotot-na-akterot-shto-go-igra-djejms-03.jpg

Крејг беше прогласен за најсекси маж во 2006-та година и е омилен кај публиката, а тој веќе 10 години е во брак со неговата колешка Рејчел Вајс, со која има двегодишна ќерка за која никој не знае ниту како се вика.

Тој има уште една ќерка од претходниот брак со шкотската актерка Фиона Лудон, која се вика Ела Крејг и која има 29 години.

Даниел и Фиона стапиле во брак релативно млади во 1992-та година, кога Даниел имал само 24 години и истата година ја добиле Ела, а се развеле по две години.

postarata-kjerka-na-daniel-krejg-ela-29-strada-od-depresija-i-disleksija-fakti-od-zhivotot-na-akterot-shto-go-igra-djejms-04.jpg

Даниел своевремено велеше дека бил премногу млад за брак и дека тоа била главната причина зошто дошло до развод.

postarata-kjerka-na-daniel-krejg-ela-29-strada-od-depresija-i-disleksija-fakti-od-zhivotot-na-akterot-shto-go-igra-djejms-05.jpg

Иако по разводот на нејзините родители Ела останала да живее со нејзината мајка, сепак таа вели дека е поблиска со татко ѝ. Вели дека додека растела се чувствувала како да била поделена помеѓу двајцата родители.

До 17 години Ела живеела во Лондон, по што се преселила да учи во Масачусетц, во САД. Сакала да тргне по стапките на нејзините родители, па на Универзитетот во Њујорк се запишала за да студира глума, но по само една година се откажала од студиите затоа што страдала од депресија.

postarata-kjerka-na-daniel-krejg-ela-29-strada-od-depresija-i-disleksija-fakti-od-zhivotot-na-akterot-shto-go-igra-djejms-07.jpg

За врската помеѓу Даниел Крејг и сегашната сопруга Рејчел Вајс, но и за љубовниот триаголник прочитајте на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Имал брак од 4 месеци, секаде ја носи мајка си: 18 факти за Бредли Купер Кога беше прогласен за најсекси маж на светот изјави дека навистина му се допаѓа...
Бил 5 години во брак: Факти за Ден Хортон, новото момче на Лејди Гага 37-годишниот сексапилен Ден Хортон го освои срцето на Гага, но кој е всушност то...
11 мрачни работи за Том Круз кои Кејти Холмс ги крие од нивната ќерка Откако фанови му праќаа фотографии од пораснатата Сури, Том изјави: „Престанете ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg