Криела дека е во врска со принц, не го поканила татко ѝ на свадба: Факти за холандската кралица Максима

Максима е кралица на Холандија која ја добила функцијата како сопруга на кралот Вилем-Александар. Аргентинка по раѓање, таа работела во маркетинг кога го запознала Вилем-Александер, најстариот син и наследник на кралицата Беатрикс, во 1999 година.

Fakti-za-holandskata-kralica-Maksima-01.jpg

Тие се венчале во 2002 година, а станале крал и кралица по абдицирањето на нејзината свекрва во 2013 година.

Факти за холандската хралица:

Родена како Максима Зорегуета Черути на 17 мај 1971 година во Буенос Аирес, Аргентина, нејзините родители Хорхе Зорегуета и Марија дел Кармен Серуит Карикарт исто така имаат два сина и уште една ќерка.

Максима има и три полусестри од првиот брак на нејзиниот татко.

Одлучна и мотивирана, Максима студирала додека работела како инвестициски банкар и во 1995 година дипломирала на Папскиот католички универзитет во Аргентина на Економскиот факултет.

Експертизата на Максима набрзо ѝ овозможила да работи низ целиот свет, вклучувајќи ги и Брисел и Њујорк.

Сепак, во Шпанија, во 1999 година, таа запознала привлечен човек кој едноставно се претставил како „Александер“.

Двајцата се согласиле да се сретнат две седмици подоцна во Њујорк.

Максима подоцна открила како мислела дека принцот се шегува кога открил дека е член на холандското кралско семејство.

И покрај романсата со идниот крал, Максима го чувала идентитетот на нејзината нова љубов извесно време од семејството.

„Постојано им кажував нешто различно за него, но во одреден момент немаше што друго да се каже, освен дека „Тој е принцот на Холандија“.

Во март 2001 година, Вилем-Александер и Максима ја објавиле својата свршувачка.

Веста била проследена со одредени контроверзии во Холандија поради позицијата на таткото на Максима, Хорхе, како функционер на аргентинската хунта во 1970-тите, за време на бруталната воена диктатура во земјата. Како резултат на тоа, Максима донела тешка одлука и не ги поканила родителите на нејзината свадба.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
Роден е од афера со стјуардеса, не може да го наследи тронот - Кој е вонбрачниот син на принцот Албе... „Мојот татко ме призна кога бев бебе, и тоа беше доброволно - не поради тоа што ...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...

Најчитани неделава