-->
Љубовната приказна на Џастин и Хејли Бибер - ја оставил за Селена Гомез, имал зависности како татко ѝ
Стивен Болдвин ги запознал Џастин и Хејли кога биле тинејџери, а пејачот во една пригода се пошегува дека тие стапиле во претходно „договорен“ брак. Во какви односи се Џастин и Стивен?
Сопругата на Џастин Бибер (27), Хејли (24) говореше за тоа во колкава мера искуството со зависностите на нејзиниот татко Стивен Болдвин (55) влијаело за таа да издржи на почетокот на бракот со канадскиот пејач и за тоа колку ѝ помогнало да се справи со проблемите со зависностите на нејзиниот сопруг.
Но во какви односи се Џастин Бибер и Стивен Болдвин, таткото на Хејли?
Во продолжение погледнете неколку интересни факти за нивниот однос:
Хејли и Џастин се запознале во 2009-та година, кога пејачот имал 15 години, а манекенката само 12 години на настан за обожаватели на пејачот. Хејли на настанот дошла придржувана со татко ѝ Стивен Болдвин, кој не знаел дека во тој миг ќе ја запознае ќерка му со неговиот иден зет.
Стивен во една пригода раскажа како ја однел ќерка му на настанот и ја прашал дали сака да ја однесе во неговата соблекувална и да ги запознае. Тоа бил мигот кога Хејли и Џастин за првпат се запознале, но Џастин и Хејли не се виделе во следните седум години.
По ова, Џастин и Хејли пак се сретнале во 2016-та година и започнале врска. Во тој период, Џастин во интервју за магазинот GQ рече дека Хејли би можела да биде „вистинската“, односно девојката со која еден ден ќе стапи во брак.
Сепак, Џастин одлучи да стави крај на врската и повторно се смири со бившата девојка Селена Гомез кон крајот на 2017-та година, но во јули следната година, повторно ѝ се врати на Хејли и по само еден месец клекна на едно колено и ја побара за жена.
Во 2018-та, парот стапи во брак пред матичар во Њујорк, а една година подоцна, во 2019-та година, имаа и втора традиционална церемонија на која присуствуваа и нивните пријатели и членови на семејството, а Стивен Болдвин ја испрати Хејли до олтарот.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:

Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите
Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...

Цитати од безвременскиот „Forrest Gump“ кои ќе ги променат вашите гледишта за животот
„Мајка ми секогаш велеше: Животот е како кутија чоколатца. Никогаш не знаеш што ...

Eмирот од Катар (42) има 3 жени и 13 деца - се оженил за братучетка и таа е единствената сопруга што...
Мајка му, Моза бин Насер важи за една од најелегантните жени во светот. На власт...