Љубовната приказна на Џастин и Хејли Бибер - ја оставил за Селена Гомез, имал зависности како татко ѝ
Уште еден факт што е познат за односот помеѓу Џастин Бибер и Стивен е дека, кога Џастин одлучил да ја побара Хејли за сопруга, прво побарал дозвола од татко ѝ, а актерот веднаш го дал својот благослов.

На Стивен особено му се допаднало тоа што Џастин бил мошне традиционален и покажал почит кон него со ваквиот гест.

По првата венчавка пред матичар Хејли говореше за тоа каков однос има Џастин со нејзините родители, па рече:
„Мислам дека тие го сакаат повеќе од мене! Им реков, ’Ќе ме сопрете ако сметате дека ова не е вистинската одлука, нели?‘ Тие не го направија тоа“.

Прочитајте и Хејли Бибер за кризите во бракот: „Плачев и сакав да се разведам од Џастин – мајка ми ме натера да издржам“
Според магазинот OK, Џастин Бибер им помогнал на родителите на Хејли кога имале финансиски проблеми. Стивен Болдвин имал голем број хипотеки и долгови, а Џастин бил тука да помогне.

Стивен Болдвин во една пригода рече дека тој и Џастин се мошне слични, во однос на тоа како им работи мозокот. Како што рече, Џастин исто така сака објекти што светкаат, а кога ќе добие идеја веднаш тргнува да ја оствари.

Џастин Бибер во гостувањето кај Елен Де Џенерис, кажа дека бракот помеѓу него и Хејли бил договорен со нејзините родители. Хејли, пак, откри дека тие двајцата, по обновувањето на врската сакале да живеат заедно, но одлучиле прво да стапат во брак.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани?
„Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн...
Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ...
Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос?
Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ...
Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран?
На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...