Факти за легендарниот Бајага - не вози автомобил, сите љубовни песни ги напишал за сопругата, со која е 32 години во брак

Со сопругата Емилија се 32 години во брак и имаат две деца, а најубавите љубовни песни и се посветени на неа. Не вози автомобил, а морал да запише „нуклеарна физика“ за да може да продолжи да се занимава со музика. Факти за Момчило Бајагиќ Бајага.

studiral-nuklearna-fizika-ljubovnite-pesni-gi-pishuval-za-soprugata-so-koja-e-32-godini-vo-brak-fakti-za-bajaga-01.jpg

Момчило Бајагиќ Бајага (61) е еден од најпознатите музичари на Балканот, а иако веќе влезе во седмата деценија од животот тој сè уште креира и компонира нова музика. Како за себеси, така и за други музичари, но и за српските филмови.

Пред извесен период ја објави новата песна „Hotel Yugoslavija“ направена во соработка со групата E-play, а минатата година заедно со српскиот актер Милош Биковиќ ја испеаја песната „Darja“ на српски и на руски јазик, што брзо стана вистински хит, а зад себе има голем број песни и албуми.

Тој е еден од музичарите за кого нема голем број скандали и сочни детали, затоа што својот приватен живот го крие подалеку од очите на јавноста. За него се знае дека веќе 32 години е во среќен брак со сопругата Емилија, а нивната љубовна приказна трае подолго, затоа што претходно биле седум години во врска. Најголемиот број љубовни песни на Бајага ѝ се посветени токму на неа.

Во продолжение неколку интересни факти што можеби не сте ги знаеле за Бајага:

Родителите на Бајага биле воени лица, но не биле премногу строги. Татко му Живојин бил пилот, a со оглед на тоа што во тоа време авионите не биле сигурни, тој од младиот Момчило побарал само да не тргне по неговите стапки.

studiral-nuklearna-fizika-ljubovnite-pesni-gi-pishuval-za-soprugata-so-koja-e-32-godini-vo-brak-fakti-za-bajaga-03.jpg

Иако претходно имал неколку обиди за да формира сопствен музички бенд, сериозно со музика ќе почне да се занимава во периодот кога бил четврта година од средното образование, кога почнал да свири на бас гитара за бендот Riblja Čorba.

studiral-nuklearna-fizika-ljubovnite-pesni-gi-pishuval-za-soprugata-so-koja-e-32-godini-vo-brak-fakti-za-bajaga-04.jpg

Кога го завршил средното образование, за да може да продолжи со музичката кариера и да не мора да оди во војска Бајага морал да се запише на факултет. Пејачот неодамна откри дека за да добие потврда за војска одлучил да се запише на факултет за нуклеарна физика.

studiral-nuklearna-fizika-ljubovnite-pesni-gi-pishuval-za-soprugata-so-koja-e-32-godini-vo-brak-fakti-za-bajaga-05.jpg

Бајага во Riblja Čorba ќе напише некои од најпознатите песни на бендот „Dva dinara druže“, Nemoj srećo, nemoj danas“, „Kazablanka“, „Evo ti za taksi“, а пред да си замине во 1984-тата година им ја подарил песната „Kad hodaš“, која е една од најпознатите балади на бендот.

По Riblja Čorba Бајага ќе ја продолжи кариерата со неговиот бенд Instruktori со кој и до ден денешен уште прават нова музика и полнат концертни сали.

Уште 4 факти на следната страна...



Би можело да ве интересира:

20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...

Најчитани неделава