Факти за легендарниот Бајага - не вози автомобил, сите љубовни песни ги напишал за сопругата, со која е 32 години во брак

За приватниот живот на Бајага се знае дека по седумгодишна врска во 1989 година стапил во брак со сопругата Емилија со која има две деца, синот Марко и ќерката Ангела. Интересно е што и покрај огромната популарност на Бајага, неговата сопруга и деца успеваат да ја сочуваат во целост приватноста и речиси и да нема нивни фотографии во јавноста.

Нивната љубовна приказна започнала во Земун. Бајага често ја гледал низ град, но се срамел да ѝ пријде. Еден ден случајно застанале во автобус еден до друг и тој ја поканил да излезат заедно во недела, а таа му одговориле дека не излегува во недела.

Бајага мислел дека го одбила затоа што не знаел дека нејзините строги родители ѝ дозволувале да излегува само во сабота. Сепак, тие ја започнале нивната љубовна приказна што трае и денес.

Емилија била главна инспирација за сите љубовни песни што Бајага ги напишал, а тој вели дека нивната врска опстанала благодарение на големата сила и трпение на Емилија.

„Врската како врска никогаш не беше во искушение, но на Ема секако не ѝ беше лесно. Кога со јавна личност во медиумите се појавуваат секакви работи за тебе. Ема го поднесе сето тоа мошне добро, особено во првите години додека се забавувавме“ – рече во една пригода Бајага.

View this post on Instagram

A post shared by Bajaga i instruktori (@bajagaiinstruktori)

Бајага не вози автомобил. За превоз најчесто користи такси или се вози во градски автобус. Тој никогаш не положил возачки испит, иако претходно извозел часови и ги положил тестовите.

Истиот ден кога требало да полага за возачка починал Јосип Броз Тито, па во хаосот немало полиција за да може да полага. По ова никогаш повотрно не се обидел да полага за возачка дозвола, а кога ќе го прашаат зошто не вози, се шегува дека „Тито е виновен“.

View this post on Instagram

A post shared by Bajaga i instruktori (@bajagaiinstruktori)

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg