Држел секс-робинки, сопругата му е прва братучетка: Факти за скандалозниот султан на Брунеј

Кон средината на 90-тите мошне актуелен беше скандалот со братот на султанот на Брунеј, принцот Џефри, за кого се тврдеше дека имал сопствен харем во дворецот, каде се организирале вистински баханалии во кои учествувал и владетелот.

prvata-zhena-mu-e-prva-bratuchetka-a-imal-sopstven-harem-so-seks-robinki-fakti-za-sultanot-na-brunei-09.jpg

Односот помеѓу султанот и неговиот брат Џефри дополнително бил нарушен кога било откриено дека од кралската ризница исчезнале 16 милиони долари, а виновник бил Џефри. По ова, тој бил прогонет од земјата и му биле одземени сите титули.

prvata-zhena-mu-e-prva-bratuchetka-a-imal-sopstven-harem-so-seks-robinki-fakti-za-sultanot-na-brunei-11.jpg

Американката Џилијан Лорен ја објави автобиографската книга Some Girls: My Life in a Harem во која тврдеше дека на 18-годишна возраст додека се обидувала да започне актерска кариера завршила во харемот на Принцот Џефри и имала сексуални односи и со принцот, но и со султанот.

Поранешната Мис Калифорнија се обиде да поднесе тужба против султанот во 1998-та година и тврдеше дека 32 дена била држена како секс-робинка во палатата на султанот. Таа тврдеше дека се случувало во палатата да има од 30 до 100 жени.

Вели дека дел од нив знаеле дека треба сексуално да ги задоволуваат клиентите, но голем дел од жените, меѓу кои била и самата таа верувале дека треба да бидат само промоторки за плата од 3.000 долари дневно.

prvata-zhena-mu-e-prva-bratuchetka-a-imal-sopstven-harem-so-seks-robinki-fakti-za-sultanot-na-brunei-12.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg