Држел секс-робинки, сопругата му е прва братучетка: Факти за скандалозниот султан на Брунеј

Првата сопруга му е прва братучетка. Во 90-тите беше актуелен поради скандалот кога се дозна дека неговиот брат имал харем во дворецот, а една Американка дури и се обиде да го тужи и тврдеше дека била држена како секс-робинка. Факти за контроверзниот султан на Брунеј...

prvata-zhena-mu-e-prva-bratuchetka-a-imal-sopstven-harem-so-seks-robinki-fakti-za-sultanot-na-brunei-01.jpg

Со богатство од 40 милијарди долари во 90-тите години султанот Хасанал Болкија (75) од Брунеј важеше за најбогатиот човек во светот, сè додека Бил Гејтс не го турна од тронот.

Благодарение на тоа што неговата земја е богата со нафта и природен гас, султанот од Брунеј и членовите на неговото семејство и денес можат да уживаат во луксузниот начин на живот. 

prvata-zhena-mu-e-prva-bratuchetka-a-imal-sopstven-harem-so-seks-robinki-fakti-za-sultanot-na-brunei-02.jpg

Иако во минатото голем број од светските медиуми пишуваа за скандали поврзани со кралското семејство во оваа земја, во 2019-тата година Султанот повторно беше во центарот на вниманието откако прогласи дека неговата земја ќе почне да се придржува до правилата на Шеријатот.

По ова Султанот воведе екстремни казни од типот на каменување до смрт за неверство, вонбрачна бременост и за носење несоодветна облека или пак отсекување на рака или нога за кражба.

Сепак, голем број од медиумите пишуваа дека со воведувањето на овој закон Султанот се обидува да се искупи и да ги прикрие грешките и скандалите од минатото.

Во продолжение проследете неколку интересни факти за скандалозниот султан од Брунеј:

Султанот Хасанал Болкија во моментов има 75 години, а на тронот седнал уште во 1967-мата година. Тој е еден од последните монарси во светот што имаат апсолутна власт.

Во Брунеј е дозволена полигамијата. Неговата прва сопруга му е воедно и прва братучетка, принцезата Пенгриан Анак Салеха, која подоцна станала кралица.

prvata-zhena-mu-e-prva-bratuchetka-a-imal-sopstven-harem-so-seks-robinki-fakti-za-sultanot-na-brunei-04.jpg

Потоа, „втора“ сопруга на Султанот му станала Мариам Абдул Азиз, која била поранешна стјуардеса за Royal Brunei Airlines, а со неа се развел во 2003-та година и ѝ ги одзел сите титули.

prvata-zhena-mu-e-prva-bratuchetka-a-imal-sopstven-harem-so-seks-robinki-fakti-za-sultanot-na-brunei-07.jpg

По ова се оженил со ТВ презентерката Азриназ Мазхар Хаким, која е 3 години помлада од него, но се развеле во 2010-та. По ова ѝ ги одзел титулите, почестите и месечните приходи.

prvata-zhena-mu-e-prva-bratuchetka-a-imal-sopstven-harem-so-seks-robinki-fakti-za-sultanot-na-brunei-03.jpg

Султанот од трите брака добил 12 деца (5 синови и 7 ќерки) и 18 внуци, кои исто така уживаат во луксузниот начин на живот.

prvata-zhena-mu-e-prva-bratuchetka-a-imal-sopstven-harem-so-seks-robinki-fakti-za-sultanot-na-brunei-06.jpg

Уште 4 факти на следната страна...



Би можело да ве интересира:

20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg