Глувците сакаат сирење и уште 6 митови кои се толку популарни, што е тешко да прифатиме дека се лага

Нема цврсти докази дека слушањето класична музика во бременоста ќе го зголеми коефициентот на интелигенција на детето. Но, ако детето учи да свири некој инструмент, постои можност да стане поинтелигентно.

gluvcite-sakaat-sirenje-i-ushte-6-mitovi-koi-se-tolku-popularni-shto-e-teshko-da-prifatime-deka-se-laga-01.jpg

Некои митови се толку популарни, што ни станува тешко да прифатиме дека се лага.

Повеќето од овие митови се распространиле порано, кога луѓето немале пристап до многу информации, па немајќи како да ја проверат веродостојноста, ги прифаќале митовите како факти.

Во продолжение 7 вакви митови во кои е време да престанете да верувате:

Делфините се пријателски настроени суштества

Делфините што ги гледаме во аквариумите поминале секакви тренинзи, некогаш и многу сурови, па затоа се однесуваат пријателски.

Делфините се интелигентни суштества и во заробеништво можат да научат многу трикови, но не се воопшто пријателски настроени.

Кај овие суштества агресијата е честа појава и некогаш се напаѓаат и едни со други без навидум никаква причина.

Делфините сепак се предатори и треба да бидете особено внимателни ако им пристапувате.

gluvcite-sakaat-sirenje-i-ushte-7-mitovi-koi-se-tolku-popularni-shto-e-teshko-da-prifatime-deka-se-laga-02.jpg

Машките кучиња тежнеат да станат „алфа мажјаци“

Многу луѓе сметаат дека кучињата сакаат да бидат доминантни и во глутница се натпреваруваат за таканаречената „алфа позиција“. Но, ова не е воопшто точно.

Овој мит потекнува од истражувачи кои набљудувале волци, а не питоми кучиња, и забележале волк кој станал лидер на глутницата и прво требало да се задоволат неговите потреби за храна, вода или парење.

Првиот проблем со овој мит е очигледен – кучињата не се волци, без разлика што имаат исти корени. Вториот проблем е тоа што ова не е вообичаено однесување ни за волците и обично лидерот се грижи за целата глутница, а не само за себе.

gluvcite-sakaat-sirenje-i-ushte-7-mitovi-koi-se-tolku-popularni-shto-e-teshko-da-prifatime-deka-se-laga-03.jpg

Ако слушате класична музика во бременоста, вашето дете ќе биде поинтелигентно

Ова верување е толку распространето, што си има и свое име – „Моцарт ефект“.

Најверојатно овој мит потекнува од неколку истражувања кои почнале да се прават во 1990-тите. Според овие истражувања, класичната музика го зголемувала коефициентот на интелигенција кај испитаниците.

Но, во 1999 година била направена анализа на овие истражувања, по што се дошло до заклучок дека коефициентот на интелигенција се зголемил за максимум 1,5 поен. Оваа разлика од едно до друго тестирање за IQ е сосема нормална појава, што значи класичната музика веројатно немала никакво влијание.

Подоцна е направена и уште една анализа од која научниците повторно заклучиле дека ова е само мит.

Но, некои научници истакнуваат дека додека слушањето класична музика не прави никаква разлика, свирењето инструмент може да го зголеми коефициентот на интелигенција.

gluvcite-sakaat-sirenje-i-ushte-7-mitovi-koi-se-tolku-popularni-shto-e-teshko-da-prifatime-deka-se-laga-04.jpg

Глувците најмногу сакаат сирење

Овој мит е толку распространет, што го сретнуваме насекаде – во книги за деца, илустрации, филмови…

Во реалноста, глувците најмногу сакаат храна како овошје и јаткасти плодови. Ако не можат да најдат ништо друго, секако дека ќе јадат и сирење.

Истовремено, сирењето нема скоро никаква хранлива вредност за нив, а бидејќи некои видови глувци не се толерантни на лактоза, оваа храна може да биде и штетна.

gluvcite-sakaat-sirenje-i-ushte-7-mitovi-koi-se-tolku-popularni-shto-e-teshko-da-prifatime-deka-se-laga-05.jpg

Мора да пиете осум чаши вода дневно

Важно е да пиете вода, но не е точно дека сите треба да испијат осум чаши дневно, и тоа од очигледни причини.

На личност од 50 килограми и личност од 90 килограми дефинитивно не им е потребно исто количество вода. Покрај тежината, важни се и други фактори – физичка активност, начин на исхрана, место на живеење, бременост, доење…

Ако сте многу активна личност, тогаш ќе ви треба повеќе вода поради потењето. Ако живеете на многу топло место, повторно ќе ви треба повеќе вода од истата причина.

За просечна жена, препорачливо е да пие околу 2,7 литри вода дневно, а за просечен маж – 3,7 литри вода. Но, имајте на ум дека овде спаѓа и водата што ја внесувате преку храната, што значи ако сте жена, ќе треба да испиете помалку од 2,7 литри вода во денот.

Бидејќи не постои точен број, најдобро е да го слушате вашето тело:

  • Обрнете внимание на бојата на урината – треба да биде светла, а не многу жолта.
  • Ако сте жедни, напијте се вода.
  • Ако вежбате или ако е лето, пијте повеќе вода за да надополните за изгубената течност.

gluvcite-sakaat-sirenje-i-ushte-7-mitovi-koi-se-tolku-popularni-shto-e-teshko-da-prifatime-deka-se-laga-06.jpg

Вкрстувањето на очите предизвикува страбизам

Страбизмот најчесто е наследен, но може да се јави и кај лица без семејна историја на болеста.

Но, нема никаков доказ дека вкрстувањето на очите може да предизвика страбизам.

gluvcite-sakaat-sirenje-i-ushte-7-mitovi-koi-se-tolku-popularni-shto-e-teshko-da-prifatime-deka-se-laga-07.jpg

Јазикот има посебни зони за различни вкусови

Уште едно популарно верување, според кое на јазикот се наоѓаат четири „зони“ кои детектирање на „основните“ вкусови – слатко, солено, кисело и горчливо. Како и сè останато на листава, и ова не е точно.

Ова е мит што и самите можете да проверите дека е лага – бидејќи според митот рецепторите за благо се на врвот на јазикот, тоа би значело дека не би можеле да почувствувате благ вкус на друг дел од јазикот. Но, ако ставите шеќер на кој било друг дел од јазикот, ќе го почувствувате слаткиот вкус.

gluvcite-sakaat-sirenje-i-ushte-7-mitovi-koi-se-tolku-popularni-shto-e-teshko-da-prifatime-deka-se-laga-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Дечко ѝ загинал во сообраќајка, пробала да се самоубие: Трагичниот живот на Сиа Кога Сиа имала 24 години, нејзиниот дечко загинал во сообраќајка. Поради загубат...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
Во Лихтенштајн нема сиромаштија, во Ватикан не смеете да имате гости по полноќ: Забавни факти за нај... Во Ватикан нема барови и ноќни клубови, но цените во продавниците се околу 25% п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg