„Од малите и сиромашните секогаш ќе ја дознаете вистината“ – животни мудрости на монасите од Света Гора

Монасите на Атос вешто ги зачувале грчките поговорки и изреки кои ги употребувале во секојдневната комуникација. Вековна мудрост во комбинација со животното искуство на многу генерации монаси диктираат неколку одлични правила кои ќе ни ги отворат очите, но и срцата.

Zivotni-mudrosti-na-monasite-od-Sveta-Gora-01.jpg

Монасите од Света Гора живеат по правилото: За Бога илјада години се како еден ден, а еден ден како илјада години. Филозофските тези на античките мудреци и современиот грчки човек се испреплетени во грчката народна мудрост.

Тие по правило се засноваат на идеја која е блиска до секое човечко суштество, што ги прави поговорките појасни и поемотивни:

Братот останува брат, макар и да е непријател.

Библиотеката е аптека за умот.

Вековите се копираат едни со други.

Камилата не ја гледа својата грпка.

Ако си се фатил на орото, мора да го одиграш.

За непријателот што заминува, изгради златен мост.

Додека детето не заплаче – мајката не разбира.

Евтиното троши повеќе пари.

Ако не го пофалиш својот дом, тој ќе се сруши и ќе те здроби.

Ако можете да разберете зошто сте родени, ќе разберете сè друго.

Гревот што е признаен е половина простен.

И ѕидовите имаат уши.

Кој спие наутро – лудува навечер.

Малку по малку, и киселото грозје станува мед.

Морето е сино, но ветрот го прави црно.

Кокошката не секогаш кокодака онаму каде што го снела јајцето.

Никогаш не прашувај за тоа што не се однесува на тебе, и никогаш нема да имаш проблем.

Магарето си мисли на своите работи, а кучето има други планови.

Некои сонуваат за брада, други што ја имаат плукаат по неа.

Од малите и сиромашните секогаш ќе ја дознаете вистината.

Орелот не лови муви.

Спознајте се себеси.

Помеѓу две зла, нема да најдете што е подобро.

Раната од нож зараснува, а раната од јазикот нема лек.

Најголемото богатство е во доброто срце, а не во голема торба.

Нема да научиш стогодишно магаре на нови трикови.

Мазна однадвор – гнила во срцето.

Зрно по зрно, полна вреќа.

Ведрото небо не се плаши од молњи.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg