Сакал да стане доктор, црковно лице му ја предвидело судбината – факти за вонсерискиот актер Дензел Вашингтон

Дензел Вашингтон е едно од најомилените и најпочитуваните имиња во Холивуд. Децениската кариера на феноменалниот, талентиран актер придонесе тој умешно да „плива“ од една во друга улога, а речиси сите негови филмски портрети се здобија со високи критички оцени.

Sakal-da-stane-doktor-crkovno-lice-mu-ja-predvidelo-sudbinata-fakti-za-vonseriskiot-akter-Denzel-Vashington 01 630x330.jpg

Со два Оскари, три Златни глобуси и безброј други номинации, како и прогласувањето на People како најсекси маж на светот – Вашингтон со сигурност претставува модел за успех.

Неговото пространо портфолио опфаќа повеќе од 50 општествено свесни драми, биографии, како и напнати трилери. Покрај создавањето извонредни филмови, Дензел заедно со режисерот Спајк Ли го отвори патот и за други афро-американски актери и актерки.

Во продолжение за вас издвоивме повеќе факти за животот и делото на овој маестрален актер:

Дензел Вашингтон е роден на 28 декември 1954 година во Њујорк

Тој е роден во Маунт Вернон, Њујорк во 1954 година и таму растел до 14-годишна возраст, кога неговите родители го испратиле во интернат. Подоцна дипломирал на Универзитетот Фордам, во 1977 година, каде студирал новинарство.

Sakal-da-stane-doktor-crkovno-lice-mu-ja-predvidelo-sudbinata-fakti-za-vonseriskiot-akter-Denzel-Vashington 02 630x400.jpg

За време на студиите, Дензел не можел да се одлучи за својата идна професија

Како и многу други студенти, Дензел бил на раскрсницата дали да ги следи сопствените желби при изборот на професија или да им верува на своите таленти и да го одбере можниот перфекционизам.

Успеал да помине неколку курсеви пред да сфати што сака да прави во животот. Тој првично сакал да стане доктор, па почнал да студира биологија на Универзитетот Фордам. По некое време решил да стане политиколог. Без да ја заврши обуката, решил да се обиде во улогата на креативен директор на Летниот камп на ИМКА. 

За тоа време го пронашол својот талент за глума, па инспириран од поддршката на колегите од кампот, се вратил на училиште и дипломирал драма и новинарство.

Sakal-da-stane-doktor-crkovno-lice-mu-ja-predvidelo-sudbinata-fakti-za-vonseriskiot-akter-Denzel-Vashington 03 630x400.jpg

По завршувањето на факултетот неговите актерски врати се отвораат

Својот интерес за глума Дензел продолжил да го негува откако дипломирал и се преселил во Сан Франциско.

Таму Вашингтон се здобил со својот прв „вкус“ за театар, добивајќи ја стипендијата за Американскиот конзерваториумски театар. Вашингтон за првпат бил забележан од јавноста во 1982 година, кога се приклучил на актерската екипа на долготрајната ТВ серија St. Elsewhere.

Прв долгометражен филм на Дензел Вашингтон е комедијата Carbon Copy од 1981 година, во која глуми вонбрачнен афроамерикански син на деловен директор кој го игра Џорџ Сегал.

Sakal-da-stane-doktor-crkovno-lice-mu-ja-predvidelo-sudbinata-fakti-za-vonseriskiot-akter-Denzel-Vashington 04 630x400.jpg

Жена во црква му предвидела светла иднина

Ако некој има причина да верува во чуда и предвидувања, тоа со сигурност е големиот Дензел. Еднаш, во младоста, една жена која била црковно лице му напишала некакво пророштво за тоа што Дензел го очекува во иднина.

Таа предвидела дека ќе дојде денот кога тој ќе настапува пред милиони луѓе. Дензел го чувал ова парче хартија долги години.

Дензел претпочита сам да ги изведува „покомплицираните“ филмски акробации и зафати  

Иако е тешко забележите додека гледате филмови, сепак во многу сцени постојат каскадери при изведување на потешките трикови.

И не е дека во тоа има нешто лошо, освен што актерите кои ги сами ги изведуваат филмските акробации, во очите на обожавателите се многу поголеми од нивните колеги кои работат со каскадери.

Исто како Џеки Чен и Џејсон Стејтам, Дензел ги прави повеќето филмски акробации. Еден пример е филмот The Book of Eli од 2010 година, a нешто подоцна и во филмот од 2012 година наречен Safe House.

Sakal-da-stane-doktor-crkovno-lice-mu-ja-predvidelo-sudbinata-fakti-za-vonseriskiot-akter-Denzel-Vashington 05 630x400.jpg

Доколку не успеел во актерството, би бил одличен војник

Очигледно, ако Дензел успеел во актерска кариера, ќе бил одличен војник. Тој одигра шест различни воени улоги и не ги разочара ниту „најлакомите“ гледачи.

Меѓу неговите најдобри филмови во армиските води се: Courage Under Fire и Manchurian Candidate.

Sakal-da-stane-doktor-crkovno-lice-mu-ja-predvidelo-sudbinata-fakti-za-vonseriskiot-akter-Denzel-Vashington 06 630x400.jpg

Поради стара кошаркарска повреда, малиот прст на Дензел на десната рака е под агол од 45 °

Долната фаланга е свиткана до тој степен што е тешко да не се забележи. Но, и покрај оваа мала мана, Дензел е еден од најпривлечните актери.

Sakal-da-stane-doktor-crkovno-lice-mu-ja-predvidelo-sudbinata-fakti-za-vonseriskiot-akter-Denzel-Vashington 07 630x400.jpg

Дензел за првпат ја сретнал својата сопруга на снимањето на еден телевизиски филм

Во 1977 година, Вашингтон и Паулета Пирсон добиле улоги во филм направен за ТВ „Вилма“. Станувало збор за биографски филм за спринтерката Вилма Рудолф, освојувачка на златни олимписки медали.

Нивните судбини се вкрстиле играјќи заедно споредни улоги: тој го портретирал сопругот на Рудолф, додека таа била една од другите тркачи. Дури една година подоцна тие се поврзале, прво на забава, а потоа на театарска претстава.

Еден интересен податок вели дека Дензел морал да ја запроси сопругата Паулета цели три пати, пред таа да го каже судбоносното „да“.

Дензел и Паулета се горди родители на четири деца, меѓу кои синовите Џон Дејвид и Малколм и ќерките Оливија и Катијa. Двете ќерки и нивниот првороден син ги следеа стапките на своите родители и одамна се навлезени во филмската индустрија.

Sakal-da-stane-doktor-crkovno-lice-mu-ja-predvidelo-sudbinata-fakti-za-vonseriskiot-akter-Denzel-Vashington 08 630x400.jpg

Прочитајте и Дензел Вашингтон (66) и Паулета (70) се 38 години во среќен брак, таа не верува во гласините за неверство – Факти за славниот актер

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg