Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Графичар 08-02-2023
Технолог 08-02-2023


Колку високо летаат балоните со хелиум - одговори на прашања што сигурно сте ги поставиле барем еднаш

Сте се запрашале ли колку злато има во олимписките медали или зошто умниците почнуваат да растат многу подоцна од другите трајни заби?

kolku-visoko-letaat-balonite-so-helium-odgovori-na-prashanja-shto-sigurno-ste-gi-postavile-barem-ednash-01.jpg

Факт е дека воопшто не знаеме како функционираат некои работи што ги користиме секојдневно. Исто така, иако сме свесни за некои појави, не знаеме која е причината за нив.

Некогаш можеби ќе се запрашаме зошто се случува нешто, но обично не одвојуваме време да го најдеме одговорот.

Па, веројатно ќе ве интересираат одговори на следниве прашања што сигурно сте си ги поставиле барем еднаш:

Колку злато има во олимписките медали и колку чинат?

Иако не се целосно изработени од злато, златните олимписки медали сепак се позлатени. Златните медали треба да содржат најмалку 92,5 сребро, а се позлатени со околу 6 грама чисто злато.

Тие содржат злато и сребро во вредност од околу 750 долари.

Овие медали дефинитивно имаат сентиментална вредност за олимписките натпреварувачи, но се случува и да ги продадат – некогаш бидејќи се соочуваат со финансиски проблеми, а доста често и за да ги донираат парите во добротворни цели.

kolku-visoko-letaat-balonite-so-helium-odgovori-na-prashanja-shto-sigurno-ste-gi-postavile-barem-ednash-02.jpg

Зошто умниците почнуваат да растат многу подоцна во животот?

Кај повеќето луѓе, умниците почнуваат да растат во 20-тите години од животот. Од друга страна, останатите трајни заби почнуваат да растат уште во детството. Па, која е првичната за ова?

Наводно, одговорот е едноставен – во детската вилица нема место и за умници, па тие почнуваат да растат кога вилицата е целосно развиена.

Сепак, денес голем број луѓе немаат место за умниците дури и кога ќе пораснат, па многумина да ги извадат.

Истовремено, од еволуциска гледна точка, умниците повеќе не ни се потребни, па се раѓаат сè повеќе луѓе кои воопшто ги немаат овие заби во вилицата.

kolku-visoko-letaat-balonite-so-helium-odgovori-na-prashanja-shto-sigurno-ste-gi-postavile-barem-ednash-03.jpg

Зошто змиите постојано го „исплазуваат“ јазикот?

„Исплазувањето“ со јазикот е едно од најпрепознатливите карактеристики на змиите. Иако ова може да изгледа застрашувачко, во реалноста змијата не го користи за заплашување.

Змиите имаат послаб вид и послаб слух, но затоа имаат изострено сетило за мирис. А, покрај носот, тие го користат и јазикот за детектирање мириси.

Кога го исплазува јазикот, змијата ги собира минијатурните честички влага од воздухот. Кога го собира јазикот, честичките завршуваат во посебен орган којшто има рецептори кои ги интерпретираат информациите од честичките како мириси.

kolku-visoko-letaat-balonite-so-helium-odgovori-na-prashanja-shto-sigurno-ste-gi-postavile-barem-ednash-04.jpg

Зошто ножот за мачкање има заоблен врв?

Иако изгледа дека овие ножеви имаат заоблен врв за да го олеснат мачкањето, вистинската причина е многу посмешна.

Овие ножеви потекнуваат од 1630-тите. Тој период кога луѓето оделе на гости, неретко имале навика да си ги чистат забите со ножот. Ова било особено иритирачко за еден француски кардинал, па наредил на гостите да им се даваат ножеви со заболен врв.

Неколку години подоцна, кралот Луј XIV од Франција ја забранил употребата на остри ножеви на неговата трпезарија, но и на улицата, надевајќи се дека со тоа ќе се намали насилството.

Со текот на времето, ножевите се прославиле и во другите земји, па денес се користат насекаде.

kolku-visoko-letaat-balonite-so-helium-odgovori-na-prashanja-shto-sigurno-ste-gi-postavile-barem-ednash-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Некои пијавици имаат 32 мозоци и уште 9 забавни факти што ќе ве изненадат Знаевте ли дека можете да го спасите забот кој ви паднал поради удар или некоја ...
Помалку познати факти за Пабло Ескобар - ја присилил сопругата да абортира на 14-годишна возраст, им... Сопругата на Пабло имала едвај 15 години на денот нa нивната венчавка, но тие им...
Моќни цитати од македонски автори што ќе ве натераат на размислување „Богат не е тој што има пари, вели, туку тој што нема сиромашна душа” - вели Пет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg