Го зеде презимето на сопругата, Дејвид и Викторија строго го контролирале за да не ги посрамоти – Факти за Бруклин Бекам

По стапувањето во брак најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам го промени презимето, а вели дека конечно ја нашол својата идна професија и знае каква кариера сака да изгради - факти за Бруклин Бекам.

go-promeni-prezimeto-po-brakot-se-otkazha-od-fakultetot-zaradi-loshi-kritiki-pomalku-poznati-fakti-za-bruklin-bekam-01.jpg

Најстариот син на Викторија и Дејвид Бекам, Бруклин (23) неодамна (на 09. 04) се ожени за својата девојка Никола Пелц (27), а нивната свадба привлече големо внимание во јавноста.

Ова беше една од ретките свадби на познатите од каде немаше премногу приватни фотографии, а младенците признаа дека за време на церемонијата сите фотографии ги правеле со стари телефони на преклоп што немаат пристап до интернет и социјални мрежи.

Една недела по свадбата за богатата актерка и наследничка Бруклин и официјално го промени презимето на својот Инстаграм профил, па сега е Бруклин Пелц Бекам и ја сподели првата заедничка фотографија на која со сопругата делат едно пржено компирче, а до неа напиша:

„Мојата женичка“.

Бруклин е дете на славни родители, што беше постојано во фокусот на јавноста од неговото раѓање. Речиси сите имаа можност да ги видат неговите фотографии од свадбата на Викторија и Бекам кои се венчаа кога тој беше 3-месечно бебе, а низ годините редовно беше следен од папараци и фотографи.

go-promeni-prezimeto-po-brakot-se-otkazha-od-fakultetot-zaradi-loshi-kritiki-pomalku-poznati-fakti-za-bruklin-bekam-02.jpg

Денес тој има сопствено богатство од 10 милиони долари, што е петпати помало од она на неговата сопруга Никола Пелц која има богатство од 50 милиони долари, а неколкупати се обидувал да започне нова кариера, настрана од неговите познати родители.

Што знаеме за Бруклин и со што се занимава?

Јасно е дека Дејвид и Викторија како светски познати личности ќе се дружат со други славни личности. Кум на Бруклин е познатиот музичар Елтон Џон, кој е долгогодишен пријател на славната двојка.

go-promeni-prezimeto-po-brakot-se-otkazha-od-fakultetot-zaradi-loshi-kritiki-pomalku-poznati-fakti-za-bruklin-bekam-03.jpg

Дејвид Бекам е еден од најпознатите фудбалери на сите времиња, но Бруклин не сака да ги следи чекорите на татко му. За него велат дека е мошне талентиран за фудбал и има добри контакти, но на 16-години јасно се изјаснил дека не сака да се занимава професионално со овој спорт.

go-promeni-prezimeto-po-brakot-se-otkazha-od-fakultetot-zaradi-loshi-kritiki-pomalku-poznati-fakti-za-bruklin-bekam-04.jpg

На 15 години за првпат почнал да работи како модел. Благодарение на неговата мајка која важи за моден авторитет, Бруклин уште многу млад влегол во светот на модата.

go-promeni-prezimeto-po-brakot-se-otkazha-od-fakultetot-zaradi-loshi-kritiki-pomalku-poznati-fakti-za-bruklin-bekam-05.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...

Најчитани неделава