15 правила кои ќе им бидат наметнати на децата на Кардашијан сестрите - Правете драма, скандалите се важни, заборавете на приватност

Животот е на социјалните мрежи, заборавете на приватноста и ако немате доволно драма во животот, тогаш ќе мора да ја создадете – кои 15 правила ќе мора да ги усовршат децата на сестрите Кардашијан доколку сакаат да останат славни како нивните мајки?

nema-losha-reklama-skandalite-se-vazhni-koi-15-pravila-decata-na-sestrite-kardashijan-kje-mora-da-gi-sledat-ako-sakaat-da-ostanat-slavni-01.jpg

Во последната деценија се навикнавме на тоа во детали да се следи животот на сестрите Кардашијан.

Целата приказна започна со мајката Крис Џенер која откако се омажи за Брус, во целост почна да ги контролира односите со јавност додека тој сè уште беше познат спортист и успеа да го издејствува емитувањето на реалното шоу Keeping Up With The Kardashians.

Кортни, Ким и Клои денес се мајки, а нивните деца пораснаа пред малите екрани. Дел од нивните деца веќе имаат свои профили на социјалните мрежи каде се мошне активни и имаат голем број следбеници, а ако сакаат да продолжат по чекорите на нивните славни мајки ќе мора да се придржуваат до утврдениот рецепт за слава.

@kimandnorth

 

♬ Jr Stit x bruno mars x adele - Margaux_lbt

Кои се лудите правила што децата на Кардашијанс веројатно ќе „мора“ да ги следат во иднина и семејството ќе им ги наметне?

Постојано мора да бидат во фокусот на вниманието.

Фотографии и дружење со познати личности, присуство на најважните настани и секако постојано присуство во медиумите.

Тоа е првата и најважна работа што следната генерација на Кардашијанс ќе мора да ја научи. Мет гала, Grammy Awards и слични настани – не поминуваат без нив.

Нема лоша реклама.

Децата на Кардашијанс се родија и пораснаа пред камери, а ако сакаат да продолжат по стапките на нивните мајки, мора да сфатат дека дури и лошите фотографии се реклама.

Се сеќавате колку врева се крена за нефотошопираната фотка на Клои Кардашијан?

Постојано мора да прават нешто за да бидат во центарот на вниманието.

Иако многумина велат дека сестрите се здодевни веќе или дека се повторуваат, тие знаат дека постојано мора нешто да работат за да останат на тронот. Влијанието е тоа што на крајот се исплати.

Постојано да бидат присутни на социјалните медиуми.

Јасно е дека тие постојано се промовираат себеси на социјалните мрежи. Нема потреба постојано да барате поддршка од медиумите кога ги имате Инстаграм, Твитер и ТикТок, нели?

Потребен им е и бизнис.

Сите сестри освен што учествуваат во реалното шоу имаат и свој приватен бизнис што им носи дополнителни приходи.

Благодарение на брендот Skims Ким минатата година стана милијардерка.

Сè што прават во животот да се користи за промоција.

Врската на Кортни и Тревис, разводот на Ким и Канје, врската на Ким со Пит Дејвидсон, неверствата на Тристан Томпсон – тоа беа приватните мигови од животот на сестрите што во последните 2 години ги одржуваат во фокусот на вниманието додека не го снимаа реалното шоу.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Роден е од афера со стјуардеса, не може да го наследи тронот - Кој е вонбрачниот син на принцот Албе... „Мојот татко ме призна кога бев бебе, и тоа беше доброволно - не поради тоа што ...

Најчитани неделава