„Луѓето јаваат и добар човек и добар коњ“ - 15 мудри шпански поговорки кои се олицетворение на денешното општество

Поговорките се едноставни, мудри изреки со морална лекција кои пренесуваат некаква искуствена порака или размислување што настанало како резултат на искуството на луѓето од низа слични ситуации.

Lugjeto-javaat-i-dobar-chovek-i-dobar-konj-15-mudri-shpanski-i-pogovorki-koi-se-olicetvorenie-na-deneshnoto-opshtestvo 01 630x330.jpg

Голем број од нив се создадени пред многу векови и сè уште можат да се применат врз бројни ситуации и настани од современиот начин на живот.

Во светот постојат илјадници различни поговорки, а овојпат за вас ги издвоивме најпоучните и најинтересните шпански мудрости кои се олицетворение на денешното општество:

„Не давајте ги вашата чест и паричникот во рацете на млада жена“.

„Честа и користа не живеат под ист покрив“.

„Потцени го својот непријател и брзо ќе бидеш поразен“.

„Луѓето јаваат и добар човек и добар коњ“.

„Запомнете го советот на оној што ве сака, дури и ако на прв поглед ви изгледа лош“.

„Да беше глупоста болка, од секоја куќа ќе се слушаа лелеци“.

„Никогаш не ги советувајте луѓето да одат во војна или да се венчаат“.

„Заедничка несреќа, помалку тага“.

„Кој има добра жена, не може да го снајде зло што не може да се поднесе“.

„Слушајте што велат за другите и ќе знаете што велат за вас“.

„Она што чини малку се цени уште помалку“.

„Кој се потпира на добро дрво, тој е заштитен со добра сенка“.

„Не оставајте го стариот пат за нова патека“.

„Грешник е тој што ја убил кравата, но и тој што ѝ ја зел ногата“.

„Премногу готвачи ја расипуваат супата“.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
8 митови во кои веруваме уште од детството (и вистината зад нив) Не смеете да влегувате во вода по бањање, Ајнштајн имал слаби оценки по математи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg