Иритантни работи кои туристите ги прават на познати туристички дестинации (и локалците се нервираат)
„Живеам во Берлин и ова важи и за домашните, и за странските туристи: Престанете да трчате, да правите селфиња и да седите на спомениците за холокаустот“.
Можеби за нас животот во популарна туристичка дестинација звучи прекрасно, но повеќето луѓе кои живеат на вакви места нема да се согласат.
Проблемот, секако, се несовесните туристи.
Многу луѓе забораваат дека на овие места живеат луѓе и воопшто не обрнуваат внимание на нивното однесување.
Некои, пак, не покажуваат никаква почит ни кон културното наследство на земјата, па бесрамно го уништуваат.
За Редит, неколку форумџии кои живеат на туристички дестинации споделуваат што најмногу мразат кај туристите:
„Живеам во Амстердам. Туристите слепо се движат по улиците за возење, како да не знаат дека овде живеат луѓе. Ние возиме велосипед за да одиме на работа, за да купиме намирници... не се возиме за забава“.
„Живеам во Ирска. Престанете да се потпишувате на градби! Неверојатно е колку многу луѓе се потпишуваат на историски градби и статуи. Немојте да бидете кретени. Го уништувате местото“.
„Живеам на Карипските Острови. Не поднесувам туристи кои се жалат бидејќи нема некои брендови пиво или бидејќи нема популарни ресторани за брза храна. Туристи кои се гневни бидејќи мало островче на Карибите не е како во градот во којшто живеат“.
„Собирајте го вашиот отпад! Живеев во мал сурферски град кој беше популарна дестинација за студенти. Кога си заминуваа, комуналната служба собираше тони лименки од пиво, скршени шишиња, игли, искористени кондоми…“
„Живеам во Берлин и ова важи и за домашните, и за странските туристи: Престанете да трчате, да правите селфиња и да седите на спомениците за холокаустот“.
„Живеам во Алјаска. Мојот дом е мала дрвена кабина во близина на патека за планинарење. И покрај бројните знаци за забранет пристап, честопати има туристи кои ми влегуваат во дворот, па дури и седат на мојата гарнитура во дворот. Од дворот имам убав поглед, но тоа е мој поглед, платив за него“.
„Живеам во Шпанија. Имаме многу туристи – повеќето се добри, па им благодарам. Но, најлошо е загадувањето на плажите. Редовно гледам луѓе кои оставаат отпушоци од цигари на плажата“.
„Престанете да уништувате историски места. На пример, на ѕидовите во Колосеумот во Рим има графити од несовесни туристи“.