Иритантни работи кои туристите ги прават на познати туристички дестинации (и локалците се нервираат)

„Живеам во град кој е заштитен од УНЕСКО и туристите мислат дека целиот град е музеј. Многупати туристи ми ѕиркале низ прозорците, па дури и ми влегувале во дворот“.

„Живеам во Исланд. Научете да возите и немојте да застанувате среде автопат за да ја гледате поларната светлина“.

raboti-shto-turistite-treba-da-prestanat-da-gi-pravat-spored-lugje-koi-zhiveat-na-turistichki-destinacii-05.jpg

„Престанете да ги фотографирате локалците во Африка“.

„Немојте да бидете глупави кога одите во пустина, па да се повредите и умрете. Без разлика на температурата, морате да земете вода со вас. И не, газираните пијалаци не спаѓаат овде. Луѓето навистина ја преценуваат нивната издржливост“.

raboti-shto-turistite-treba-da-prestanat-da-gi-pravat-spored-lugje-koi-zhiveat-na-turistichki-destinacii-06.jpg

„Не очекувајте сите да се однесуваат како во вашата држава. Сретнувам многу туристи кои се жалат за ова, кои биле навредени или шокирани од нешто. Сте дошле во друга држава со друга култура, не очекувајте да биде како дома“.

„Живеам во Амстердам. Мразам туристи кои се опиваат и почнуваат расправии и тепачки со вработените во баровите. Мразам и туристи кои изнајмуваат велосипеди, а последен пат возеле велосипед на претшколска возраст“.

raboti-shto-turistite-treba-da-prestanat-da-gi-pravat-spored-lugje-koi-zhiveat-na-turistichki-destinacii-07.jpg

„Не мора да се ценкате за буквално сè. Имам видено туристи кои носат Ролекс на раката, а се ценкаат со уличен уметник. Не сакаат да платат повеќе од еден долар за слика која уметникот ја правел цел час“.

„Мразам туристи кои забораваат дека на местото живеат и луѓе. Морав да се преселам од туристичка дестинација“.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
8 митови во кои веруваме уште од детството (и вистината зад нив) Не смеете да влегувате во вода по бањање, Ајнштајн имал слаби оценки по математи...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...

Најчитани неделава