Шверцувала пелени за да преживее, сопругот го запознала кога ја привел на сослушување – факти за Јелена Бачиќ Алимпиќ

Во 1992-ра година, Јелена заминала во Канада, каде кратко време работела како дадилка во еврејско семејство. Таа во една прилика раскажа како нејзиниот татко ѝ ја дал целата заштеда за да плати на одредени луѓе што ѝ ветиле дека ќе ѝ помогнат да добие виза, но била измамена.

Откако се вратила во Нови Сад, Јелена морала да работи во фирма на белградски бизнисмен, од каде за време на инфлацијата шверцувала пелени.

„Не ми е срам. Тогаш имаше голема инфлација и беше морничаво. Се сеќавам дека добро заработував и сите пари ги давав на татко ми, иако тој не сакаше да го правам тоа. Тогаш сфатив дека никогаш не би можела да живеам така, таквите луѓе немаат живот туку целиот ден го поминуваат на работа, затоа што е голема далечината од дома до работното место“ – вели таа.

Со сопругот се запознала пред да замине за Канада, кога тој во 3 часот по полноќ ѝ пратил полиција да ја приведе затоа што не се одѕвала на позивот на судот.

Како што вели, првиот впечаток за него воопшто не бил добар. Се сретнале повторно кога се вратила од Канада и кога требала да оди да извади лични документи.

Мирослав морал долго време да ѝ се додворува за да ја освои, а тој ѝ бил најголема поддршка во периодот кога татко ѝ преживеал инфаркт.

Тие двајца стапиле во брак во 1994-та година, а нивната свадба е одбележена со уште еден немил настан кога на нивни гости од Унгарија им бил украден автомобилот за време на церемонијата. За среќа гостите имале осигурување и иако автомобилот никогаш не бил најден, добиле отштета.

Јелена долго време потоа работеше на малите екрани како ТВ водителка, но во 2007-ма година, додека боледувал од рак на белите дробови, нејзиниот татко побарал таа да му вети дека ќе напише книга.

Како што вели и самата, две години била скршена од болката заради загубата на родителот, а потоа во 2009-та година, откако заспале сите во домот, одлучила да седне и да ја почне книгата „Рингишпил“. Тоа е романот што беше објавен во 2010-та година и што веднаш ѝ донесе слава на книжевно поле.

Денес, Јелена е многу попозната како авторка отколку како ТВ водителка. Нејзините романи се бестселери што веднаш се распродаваат, а вели дека сите пари што ги заработува ги троши на патувања.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...

Најчитани неделава