Од сиромашно девојче од Хрватска до една од најбогатите жени во светот – Како Славица Еклстон заработи над 1 милијарда долари за 58 секунди?

Кога го запознала Берни Еклстон му дала погрешен број, не разбирала англиски, а тој бил 28 години постар од неа и 27cm понизок. Како Славица Еклстон, од сиромашно девојче стана една од најбогатите жени од Хрватска за само 58 секунди, со над 1 милијарда долари по разводот?

od-siromashno-devojche-od-hrvatska-do-edna-od-najbogatite-zheni-vo-svetot-kako-slavica-eklston-zaraboti-nad-1-milijarda-dolari-za-58-sekundi-01.jpg

Славица Еклстон (68) е поранешната сопруга на некогашниот прв човек на Формула 1, Берни Еклстон (92) со кого има две ќерки Тамара и Петра, а денес важи за една од најбогатите жени во светот.

Како речиси непознатата хрватска манекенка позната како Славица Радиќ, стекна богатство од 1,2 милијарди долари?

Неколку интересни факти за поранешната хрватска манекенка што можеби не сте ги знаеле:

Славица е по потекло од Ријека во Хрватска, а потекнува од сиромашно семејство кое едвај сврзувало крај со крај. Финансиската состојба дополнително се влошила по разводот на нејзините родители, па хрватските медиуми пишуваат дека таа во една прилика била осомничена и за кражба на паричник.

od-siromashno-devojche-od-hrvatska-do-edna-od-najbogatite-zheni-vo-svetot-kako-slavica-eklston-zaraboti-nad-1-milijarda-dolari-za-58-sekundi-02.jpg

Во 80-тите години почнала да работи како модел, кога се појавила во магазинот Старт, а благодарение на височината од 185cm таа брзо се пробила во модниот свет во Милано, каде работела како модел за Armani.

od-siromashno-devojche-od-hrvatska-do-edna-od-najbogatite-zheni-vo-svetot-kako-slavica-eklston-zaraboti-nad-1-milijarda-dolari-za-58-sekundi-23.jpg

На само 23 години, Славица работела како модел за промотивен настан за Формула 1 на Гран При трката во Монца во 1982-ра година, каде го запознала Берни Еклстон, кој бил 28 години повозрасен од неа, но бил упорен во тоа да започне врска со неа.

od-siromashno-devojche-od-hrvatska-do-edna-od-najbogatite-zheni-vo-svetot-kako-slavica-eklston-zaraboti-nad-1-milijarda-dolari-za-58-sekundi-05.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Се „нафрлил“ врз неа по првата средба, сакала да ја откаже свадбата - Помалку познати детали од врск... Се запознале кога таа имала само 16 години, а нејзината сестра рекла дека не би ...
Страдал од „синдром на врколак“, го третирале како животно – потресната приказна на мажот кој е инсп... Поради густите влакна на целото тело, Петрус Гонсалвус, но и неговите деца, биле...
Долг нокт на малото прсте се сметал за добри манири: 10 забавни факти за ноктите и маникирот во мина... Славниот Пушкин рекол: „Можете да бидете разумна личност и да размислувате за уб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg