Од сиромашно девојче од Хрватска до една од најбогатите жени во светот – Како Славица Еклстон заработи над 1 милијарда долари за 58 секунди?
Кога го запознала Берни Еклстон му дала погрешен број, не разбирала англиски, а тој бил 28 години постар од неа и 27cm понизок. Како Славица Еклстон, од сиромашно девојче стана една од најбогатите жени од Хрватска за само 58 секунди, со над 1 милијарда долари по разводот?

Славица Еклстон (68) е поранешната сопруга на некогашниот прв човек на Формула 1, Берни Еклстон (92) со кого има две ќерки Тамара и Петра, а денес важи за една од најбогатите жени во светот.
Како речиси непознатата хрватска манекенка позната како Славица Радиќ, стекна богатство од 1,2 милијарди долари?
Неколку интересни факти за поранешната хрватска манекенка што можеби не сте ги знаеле:
Славица е по потекло од Ријека во Хрватска, а потекнува од сиромашно семејство кое едвај сврзувало крај со крај. Финансиската состојба дополнително се влошила по разводот на нејзините родители, па хрватските медиуми пишуваат дека таа во една прилика била осомничена и за кражба на паричник.

Во 80-тите години почнала да работи како модел, кога се појавила во магазинот Старт, а благодарение на височината од 185cm таа брзо се пробила во модниот свет во Милано, каде работела како модел за Armani.

На само 23 години, Славица работела како модел за промотивен настан за Формула 1 на Гран При трката во Монца во 1982-ра година, каде го запознала Берни Еклстон, кој бил 28 години повозрасен од неа, но бил упорен во тоа да започне врска со неа.

Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:
20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн...
Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани?
„Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ...
Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов...
„Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос?
Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран?
На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...