14 факти кои покажуваат колку долго траеше владеењето на кралицата Елизабета
-->
Во текот на своето владеење, Елизабета изгледала 17 светски првенства во фудбал, соработувала со 15 англиски премиери и запознала четворица папи.
-->
Кралицата Елизабета го наследи тронот во 1952 година, а нејзиното владеење траеше до денот на нејзината смрт, односно 8-ми септември 2022 година.
-->
Што значи, Елизабета седеше на тронот неверојатни 70 години, а во тој период сведочеше на бројни важни историски настани.
Неколку факти кои покажуват колку долго всушност беше владеењето на Елизабета:
Кралицата Елизабета седеше на тронот во период кој опфаќа околу четвртина од модерната историја на Америка – САД стана независна земја во 1776 година, со потпишувањето на Декларацијата за независност.
-->
Во текот на владеењето на Елизабета, во Англија се сменија 15 премиери, а во САД – 14 претседатели.
Кога Елизабета седна на тронот, премиер на Аглија беше Винстон Черчил. Сега, како и на денот на нејзината смрт, премиер на Англија е Лиз Трас. Черчил е роден во 1874 година, а Лиз во 1975-та, односно околу 100 години подоцна.
-->
-->
Елизабета е првиот британски монарх кој има прославено Платинест јубилеј, односно 70 години на тронот.
-->
Елизабета е вториот монарх во светот кој владеел најдолго. На првото место се наоѓа Луј XIV кој седел на тронот 72 години и 110 денови. Елизабета владееше 70 години и 214 денови.
Кралицата седна на тронот пред човештвото да стигне до вселената. Јури Гагарин стана првиот човек кој отпатувал во вселената во 1961 година. Оттогаш во вселената имаат отидено над 600 астронаути. Во 1969-та, пак, откако астронаутите од Аполо 11 стапнаа на Месечината, кралицата им честита со официјална порака.
Кралицата Елизабета веќе владееше 11 години кога беше извршен атентатот на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди во 1963-та.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:

„Годините не ја менуваат личноста, туку ја полираат “ – Цитати на Мерил Стрип за стареењето (без пла...
„Се сакам себеси каква што сум сега. Можеби на други не им се допаѓам, но јас се...

Факти за минатото на Јапонија што докажуваат дека оваа земја отсекогаш била уникатна
Знаевте ли дека со векови, повеќето Јапонци не јаделе месо бидејќи сметале дека ...

Eмирот од Катар (42) има 3 жени и 13 деца - се оженил за братучетка и таа е единствената сопруга што...
Мајка му, Моза бин Насер важи за една од најелегантните жени во светот. На власт...

Под дејство на дрога пробал да ја задави сопругата, одгриза глава на лилјак на концерт: Факти за ска...
Иако за многумина е мошне талентиран музичар и личноста која ја измислила хеви м...

Помалку познати факти за Пабло Ескобар - ја присилил сопругата да абортира на 14-годишна возраст, им...
Сопругата на Пабло имала едвај 15 години на денот нa нивната венчавка, но тие им...

Од дете на бегалци до кралица на која сите ѝ се восхитуваат – Факти за Ранија, кралицата на Јордан
Побегнала од Кувајт кога имала само 21 година, работела во банка, а денес е крал...
-->