14 факти кои покажуваат колку долго траеше владеењето на кралицата Елизабета
Во текот на нејзиното владеење, кралицата запозна четворица папи – папата Јован, папата Јован Павле, папата Бенедикт и папата Франциск.

Населението на Обединетото Кралство се зголеми од 50,4 на 68,6 милиони жители во текот на владеењето на Елизабета.

Во текот на животот, кралицата има чувано 30-тина кучиња. Повеќето од нив потекнуваат од нејзиното прво корги куче кое го добила како подарок на 18-тиот роденден.

Првата Барби кукла се појави на пазарот во 1959 година, односно цели седум години откако Елизабета го наследи тронот.

Кралицата е родена во периодот кога беа измислени телевизорите, а седна на тронот две години пред да се појават првите телевизори во боја.

Од почетокот на владеењето на Елизабета до денес се имаат одржано дури 17 Светски првенства во фудбал.

Најдолго емитувана сапуница во светот – Coronation Street – почна да се емитува во 1960 година, односно осум години откако Елизабета го наследи тронот. Оттогаш до денот на смртта на Елизабета, беа емитувани 10.740 епизоди од серијата.

Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн...
Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани?
„Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ...
Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Роден е од афера со стјуардеса, не може да го наследи тронот - Кој е вонбрачниот син на принцот Албе...
„Мојот татко ме призна кога бев бебе, и тоа беше доброволно - не поради тоа што ...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран?
На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ
„Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...