Кое е ветувањето што Вилијам ѝ го дал на мајка му Дијана, но никогаш нема да може да го исполни?

Принцезата Дијана по разводот со Чарлс ја загубила титулата принцеза, па морала да им се поклонува и на синовите, што ѝ паднало мошне тешко – кое ветување ѝ го дал тогаш младиот Вилијам ветување на мајка му за да ја утеши по разводот со Чарлс?

vilijam-i-dal-vetuvanje-na-svojata-majka-dijana-no-nikogash-nema-da-mozhe-da-go-ispolni-01.jpg

Откако Чарлс стана крал, неговиот син Вилијам е чекор поблиску до титулата, а смртта на кралицата Елизабета многумина ги потсети на настаните од минатото, на смртта на принцезата Дијана и нејзиниот турбулентен брак со Чарлс.

vilijam-i-dal-vetuvanje-na-svojata-majka-dijana-no-nikogash-nema-da-mozhe-da-go-ispolni-02.jpg

Дијана и Чарлс официјално се разведоа во 1996-та година, а парот се раздели 4 години претходно во 1992-ра година.

По разводот, на Дијана ѝ беше одземен буџетот за патувања, канцеларијата каде ја вршеше својата добротворна мисија, ги загуби персоналот и полициската заштита, но најтешко ѝ падна тоа што ја загуби титулата и статусот височество.

vilijam-i-dal-vetuvanje-na-svojata-majka-dijana-no-nikogash-nema-da-mozhe-da-go-ispolni-03.jpg

Според пишувањата од тоа време, кралицата Елизабета не сакала на Дијана да ѝ биде одземена титулата, но Чарлс остро се противел на тоа, по што морала да им се поклонува на сите членови во семејството, па дури и на сопствените синови, принцовите Вилијам и Хари.

vilijam-i-dal-vetuvanje-na-svojata-majka-dijana-no-nikogash-nema-da-mozhe-da-go-ispolni-04.jpg

Вилијам за време на разводот на неговите родители, во 1996-та година имал само 14 години и студирал на колеџот Етон во Виндзор, кога на мајка му ѝ дал ветување, што било откриено многу подоцна.

vilijam-i-dal-vetuvanje-na-svojata-majka-dijana-no-nikogash-nema-da-mozhe-da-go-ispolni-07.jpg

Долгогодишниот батлер на Дијана, Пол Барел во 2001-ва година објави книга насловена A Royal Duty, каде раскажа како реагирал принцот Вилијам кога било донесена одлуката неговата мајка да мора да му се поклонува секојпат кога ќе го види:

„Не грижи се мамо, јас ќе ти ја вратам титулата кога ќе станам крал“ – рекол младиот Вилијам.

vilijam-i-dal-vetuvanje-na-svojata-majka-dijana-no-nikogash-nema-da-mozhe-da-go-ispolni-06.jpg

Сепак, неговата мајка почина само една година подоцна, во 1997-ма година, а Вилијам не успеа да го исполни ветувањето што ѝ го даде на својата мајка.

На 20-годишнината од смртта на принцезата беше објавен документарен филм насловен Diana, Our Mother: Her life and legacy, каде Вилијам вели дека секогаш ќе жали за последниот разговор што го имал со мајка му.

vilijam-i-dal-vetuvanje-na-svojata-majka-dijana-no-nikogash-nema-da-mozhe-da-go-ispolni-09.jpg

Тој раскажа како сакал набрзина да ја „откачи“ од телефонскиот разговор, кога таа му се јавила од Париз, затоа што тој и принцот Хари си играле со нивните братучеди во Балморал.

Никој не знаел дека таа ќе почине само неколку часа подоцна:

„Хари и јас очајно сакавме да ѝ кажеме чао и да го прекинеме разговорот. Да знаев што ќе се случи подоцна, никогаш немаше да бидам толку рамнодушен за разговорот и за сѐ друго. Но, тој разговор засекогаш ќе ми остане врежан во сеќавањата“ – рече Вилијам.

vilijam-i-dal-vetuvanje-na-svojata-majka-dijana-no-nikogash-nema-da-mozhe-da-go-ispolni-08.jpg

Се смета дека денешниот однос на Вилијам со неговите деца во голема мера се должи на односот со неговата мајка, која во минатото дури и се спротивставувала на протоколот на кралското семејство за да направи нејзините деца да се чувствуваат удобно и безбедно.

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Роден е од афера со стјуардеса, не може да го наследи тронот - Кој е вонбрачниот син на принцот Албе... „Мојот татко ме призна кога бев бебе, и тоа беше доброволно - не поради тоа што ...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg