Сите се згрозени од тоа што им го правел на жртвите по убиството – Кој е Џефри Дамер, серискиот убиец од новиот серијал на Netflix?
Своите жртви најчесто ги среќавал во барови, на автобуски постојки, трговски центри и книжарници за возрасни. Неговите жртви најчесто биле хомосексуалци со афро-американско потекло, а ги примамувал со ветувања за пијалак и пари во замена за фотографии.
Неговата најмлада жртва имала 14 години, а најстарата 33.

Неговата сосетка со години го пријавувала сомнителното однесување во полиција, но властите не реагирале сè додека неговата последна жртва Трејси Едвардс не успеал да побегне од станот на Дамер во 1991-ва година.

Полицијата го нашла Трејси како се движи по улицата со лисици на едната рака, по што тој ги однел во станот на напаѓачот, каде полицијата ги видела вознемирувачките фотографии на Џефри, што довело до негово апсење.
При детален претрес, полицијата нашла дека Џефри користел хлороформ за да ги дрогира жртвите, буре со киселина каде ги ставал телата на жртвите (но ги чувал нивните коски), голем број ножеви, делови од тела и вознемирувачки фотографии од телата на жртвите.

Во 1992-ра година Џефри бил осуден за 15 убиства и добил 15 доживотни затворски казни. Се верува дека добро се привикнал на животот во затвор, но во 1994-та година бил убиен од страна на друг затвореник.

Наводно, двајцата затвореници имале претходна расправија, по што Џефри Дамер бил претепан до смрт. Неговите останки биле кремирани и пепелта била предадена на неговите родители.
Џефри Дамер и затвореникот што го убил во затвор
-->
-->
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн...
Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани?
„Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Еден брак ѝ траеше 274 дена, бивши сопруг ѝ остави 18.000 рози на гробот - Бурниот љубовен живот на ...
Една од најубавите жени на сите времиња, Мерилин Монро, имала бурен љубовен живо...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ...
Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран?
На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ...
Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
