„Човек мора да биде сам за да ги запознае останатите околу себе“ - Цитати кои нѐ учат да ја цениме самотијата

Социјалната стигма околу самотијата е сѐ подлабока и пораспространета, а во исто време проговорувањето на оваа тема сѐ почесто се избегнува.

chovek-mora-da-bide-sam-za-da-gi-zapoznae-ostanatite-okolu-sebe-citati-koi-n-uchat-da-ja-cenime-samotijata-01.jpg

Во голема мера, самиот поим е несоодветно карактеризиран како неуспех да се најдат пријатели, социјално растројство, симптом на личен „проблем“. Всушност, самотијата и осаменоста имаат две сосема различни значења.

И да, да се биде сам воопшто не е нешто кое треба да биде негативно обликувано. Напротив, самотијата претставува хидрација на умот. 

Исфрлете ја идејата дека одлуката да сте сами е еднаква на добропознатата предрасуда која вели дека „нешто што не е во ред со вас“.

Самотијата не е карактерна мана, нејзината функција се заснова на длабоката човечка потреба – да се осознае себеси. 

Постојат навистина многу цитати кои преку нивната зборовна моќ, умешно ни го прикажуваат значењето на самотијата. 

Во продолжение ви издвојуваме неколку од нив:

„Сам, бидејќи таква е победата“ - Славко Михалиќ

„Човек мора да биде сам за да ги запознае останатите околу себе“ – Иван Цанкар

„Секогаш ќе постои самотија за оние кои се достојни за истата“ - Жул Барбе д'Орвили

„Тој е доста недружељубив“, во превод би му дошло: „Тој е човек со голема способност“ - Артур Шопенхауер

„Главен наставен предмет за младите треба да биде изджување на самотијата: таа е извор на среќа и мир на умот“ - Артур Шопенхауер

„Најчесто, самотијата е најдоброто друштво“ – Џон Милтон

„Секој самостојно ужива во наградата за своите добри дела, и секој самостојно страда како последица за лошите“ - Манусмчити

Samotijata-ni-pokachuva-koi-treba-da-bideme-drushtvoto-ni-pokazhuva-koi-navistina-sme-citati-koi-ne-uchat-da-ja-cenime-samotijata 02 630x330.jpg

„Доколку немаме време да бидеме сами со себеси, немаме време ни да бидеме среќни“ - Николај Чернишевски

„Човек со полн дух и во целосна самотија извонредно се забавува со неговите мисли“ - Артур Шопенхауер

„Никогаш не пронајдов пријател подруштвен од самотијата“ - Хенри Дејвид Торо

„Живеам во форма на осаменост која е болна во младоста, но пријатна во зрелоста“ - Алберт Ајнштајн

„Разговорот го збогатува разбирањето, но самотијата е школа за генијалци“ - Ралф Валдо Емерсон

„Самотијата ни покажува кои треба да бидеме, друштвото ни покажува кои навистина сме“ -  Р. Сесил

„Самотијата е позитивна, самотијата е здрава. Задоволство е да се биде свој“ - Ошо

„Во самотијата, умот добива сила и учи како да се потпре на себеси“ – Л. Стерн

„Осмелувањето на живот во самотија е ретка храброст, бидејќи повеќето луѓе попрво би одбрале да се сретнат со најлошиот непријател на бојното поле, отколку со сопственото срце во себе“ - Чарлс Калеб Колтон

„Самотијата е патот по кој судбината сака да го доведе човекот до себе“ - Херман Хесе

„Човек којшто е во друштво на благородни мисли, никогаш не е сам“ – Џон Флечер

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
Тажниот живот на Џеки Кенеди: Стана вдовица на 34 години, роди мртво дете, вториот сопруг јавно ја п... Убиството на Џон Ф. Кенеди не е единствената трагедија во животот на Џеки Кенеди...
Имал преку 250 љубовници, син му е бездомник и спие на клупа - Скандалозната приказна на Том Џонс Џонс никогаш не бил премногу дискретен во однос на своите љубовни авантури, а во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg