Eмирот од Катар (42) има 3 жени и 13 деца - се оженил за братучетка и таа е единствената сопруга што смее да ја покаже во јавност
Мајка му, Моза бин Насер важи за една од најелегантните жени во светот. На власт дошол дури откако неговиот постар брат се откажал од престолот, а во 2005-та година се оженил со втора братучетка со која има 4 деца – што знаеме за емирот од Катар?

Додека трае светското првенство во фудбал очите на светската јавност се свртени кон земјата домаќин Катар, но и кон владетелот на земјата Тамим бин Хамад ал Тани, кој во моментов е најмладиот лидер во арапските земји, но и е меѓу најмладите лидери во светот.

На раководна позиција е веќе 9 години, а се смета дека тој одиграл главна улога за финансискиот развој на неговата земја.
Во продолжение неколку интересни податоци за владетелот на Катар, што можеби не сте ги знаеле:
Тамим бин Хамад ал Тани (42) е владетел на Катар (емир) со целосна управувачка и законодавна власт од 2013-та година.

Денешниот владетел на Катар е син на шеика Моза бин Насер, жената која важи за една од најелегантните дами во светот. Моза се омажила за таткото на Тамим пред 45 години и му родила вкупно 7 деца.

Се проценува дека катарското кралско семејство поседува богатство од околу 335 милијарди долари, а емирот има само 2 милијарди.

Тамим се образувал на најпрестижните европски школи, студирал во Британската кралска воена академија и дипломирал во 1998-ма година (На истата академија каде што студирал и принцот Вилијам).

Шеикот од Катар има 42 години, а досега се женел трипати и има 13 деца. Тој е четврти по ред син на поранешниот емир од Катар и неговата втора сопруга и не требало да добие власт, но благодарение на сопственото знаење и способност успеал да се избори за престолот.

Во 2003-та година тој бил избран за да го замени неговиот постар брат Јасим како престолонаследник. Во следните 10 години Тамим се подготвувал за да стане емир.

Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:
20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн...
Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани?
„Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з...
Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер...
Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М...
Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос?
Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...