Морничава фотка: Зошто не треба да ги оставате очилата во автомобилот кога е сончево?

Пожарна служба од англиска област сподели фотка на која се гледа автомобил со изгорена внатрешност, а пожарот настанал бидејќи сопственикот оставил очила за сонце на контролната табла додека било сончево.

mornichava-fotka-zoshto-ne-treba-da-gi-ostavate-ochilata-vo-avtomobilot-koga-e-sonchevo-01.jpg

Морничава фотка споделена од страна на пожарната служба во Нотингемшир, Англија, е одличен потсетник да не ги оставате очилата во автомобилот на сончев ден.

На фотката споделена на официјалниот Твитер профил на пожарната се гледа изгорената внатрешност од автомобил.

На поцрнетото стакло има огромна дупка, дел од воланот е оштетен, а целата контролна табла е стопена.

„Сонцето беше силно, но внимавајте дека ова може да биде причина за пожар. Бевме да гаснеме пожар предизвикан од очила за сонце оставени на контролната табла.

Осигурajте се дека нема да поставувате рефлектирачки предмети на директна сончева светлина“, пишува во описот.

Во коментари, од пожарната појаснуваат дека инцидентот се случил на 27 мај, околу пет часот попладне.

Очилата оставени на контролната табла делувале како лупа – ги фокусирале сончевите зраци, а ова е сосема доволно за да настане пожар.

Па, имајте го на ум советот на пожарникарите и не оставајте очила или какви било предмети што рефлектираат на директна сончева светлина – ни во автомобилот, ни во вашиот дом.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Конечно се отвори Pepco во Скопје - продавниците се преполни со купувачи кои едвај го чекаа отворање... Денес, во 10 часот наутро, во исто време се отворија двете продавници на Pepco в...
Позитива на денот: Госпоѓа Љубица вежба пилатес на прагот од 80-тата година (фото) Фотката која беше објавена на профил на клуб за пилатес во Скопје е вистинска ин...
Игор Џамбазов и Моника Црнокрак пред 24 години vs. денес: „Ме викаше тита, а денес е една од најубав... „Тогаш имаше 3 годинки и ме викаше 'тита', што ѝ да ѝ значеше тоа. Денес е една ...

Најчитани неделава