Тој нема свој, но им ги чисти автомобилите на соседите од снег – вака се станува најдобар сосед (фото)

Овој човек ја знае формулата за најдобар сосед – на Твитер помеѓу Србите хит стана фотка од љубезен човек кој им ги чисти од снег автомобилите на соседите од зграда. 

toj-nema-svoj-pa-im-gi-chisti-avtomobilite-na-sosedite-od-sneg-vaka-se-stanuva-najdobar-sosed-foto-01.jpg

За натрупаниот снег врз автомобилите да не ги изненади сопствениците наутро, добар сосед им ги чисти со метла, откако претходно ги исчистил скалите пред влезот, според коментарите.

„Имаме сосед – најдобар на светот. Еве го, го чисти снегот од сите автомобили пред зграда. Тој нема свој автомобил“ – гласи твитот на @radoznala.

И додека има „злобни усти“ кои коментираа дека повеќе направил штета со метлата отколку добро, има и такви кои го благословуваат.

„Свари му кафе или чај / Чувајте го соседот и викнете го на чај / Многумина би кажале дека е будала, а јас велам дека е срце од човек / Е, тоа е ГРАЃАНИН!“ – ова се дел од добрите коментарите на твитерџиите кои беа восхитени од овој чин.

Имате ли вие ваков сосед? Сега сигурно го посакувате... Секоја чест за овој човек со добра душа!

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Морничава фотка: Зошто не треба да ги оставате очилата во автомобилот кога е сончево? Пожарна служба од англиска област сподели фотка на која се гледа автомобил со из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg