„Кој би го носел ова“ - Комбинезон стана вирален хит со чудните отсечоци

Модните дизајнери понекогаш знаат да ни понудат неверојатни парчиња, но понекогаш да отидат во сосема друга крајност како со овој комбинезон. Би го носел ли некој?

koj-bi-go-nosel-ova-chuden-dizajn-na-kombinezon-stana-viralen-hit-01.jpg

Онлајн модната продавница Fashion Nova, со седиште во Калифорнија, на продажба понуди комбинезон со необичен дизајн, кој за кратко време стана вирален хит.

Станува збор за црн комбинезон со транспарентни делови, кој открива премногу, особено во пределот на градите.

Моделот Dark Fantasy Jumpsuit чини 1.800 денари и е од растеглив материјал, но очигледно не ги освои симпатиите на жените ширум светот.

koj-bi-go-nosel-ova-chuden-dizajn-na-kombinezon-stana-viralen-hit-02.jpg

„Кој би го носел ова, какви се овие триаголници на градите?“, „Дали јас сум единствената која не го сфаќа моделот?“, „Ви благодарам што ме насмеавте денес со моделов“, се само дел од коментарите.

Но, сигурни сме дека и за овој несфатлив модел ќе се најдат соодветни купувачи.

Што мислите вие?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Конечно се отвори Pepco во Скопје - продавниците се преполни со купувачи кои едвај го чекаа отворање... Денес, во 10 часот наутро, во исто време се отворија двете продавници на Pepco в...
Игор Џамбазов и Моника Црнокрак пред 24 години vs. денес: „Ме викаше тита, а денес е една од најубав... „Тогаш имаше 3 годинки и ме викаше 'тита', што ѝ да ѝ значеше тоа. Денес е една ...
Позитива на денот: Госпоѓа Љубица вежба пилатес на прагот од 80-тата година (фото) Фотката која беше објавена на профил на клуб за пилатес во Скопје е вистинска ин...

Најчитани неделава