Засрамен маж добил порака од соседите – учтиво го замолуваат да биде потивок кога има секс

Овој млад човек од Шкотска останал засрамен откако пред врата го дочекала учтива порака од неговите соседи кои го замолиле да биде потивок кога има секс.

zasramen-mazh-dobil-poraka-od-sosedite-uchtivo-go-zamoluvaat-da-bide-potivok-koga-ima-seks-01.jpg

Стефан Канингам (26) вели дека се виткал од смеење додека ја читал пораката, но и дека бил мошне засрамен кога ја добил:

„Се разбудив вчера наутро и пораката беше протната под мојата врата. Се разбудив во 8:30 па најверојатно ја оставиле многу рано за да бидат сигурни дека спијам. Не знам кој од соседите ми ја пратил пораката и искрено не сакам ниту да знам“ – изјави тој за Daily Record.

Во пораката што неговите соседи му ја протнале под врата пишува:

„Драг соседу, ова е само пријателска порака од твојот сосед да те потсетам дека ѕидовите на овие згради се тенки и дека звукот патува.

Иако сфаќаме дека е неизбежно да ги слушаме нашите соседи понекогаш, сакаме да ви дадеме до знаење дека слушаме повеќе отколку што треба. Сигурни сме дека ќе се согласите дека треба да имаме обѕир и да покажеме почит кон соседите, па не сакаме да ги споделуваме вашите интимни и приватни моменти.

Затоа, учтиво ќе ве замолиме ако можете да бидете потивки во текот на ноќта. Ве молиме имајте предвид дека имате соседи во зградата каде звукот патува.

Ви благодариме на разбирањето“.

Zasramen-mazz-ja-spodeli-porakata-na-Tviter-Sosedite-go-molat-da-bide-potivok-koga-ima-seks-02.jpg

Стефан ја сподели пораката на неговиот профил на Твитер. До неа напиша:

„Не сум јас тој што се разбуди со порака за потивок секс од соседите. Се срамам!“

Некои од неговите пријатели му порачаа да купи чепови за уши и да ги протне под сите врати на соседите, па така да го реши проблемот.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Игор Џамбазов и Моника Црнокрак пред 24 години vs. денес: „Ме викаше тита, а денес е една од најубав... „Тогаш имаше 3 годинки и ме викаше 'тита', што ѝ да ѝ значеше тоа. Денес е една ...
Позитива на денот: Госпоѓа Љубица вежба пилатес на прагот од 80-тата година (фото) Фотката која беше објавена на профил на клуб за пилатес во Скопје е вистинска ин...
Конечно се отвори Pepco во Скопје - продавниците се преполни со купувачи кои едвај го чекаа отворање... Денес, во 10 часот наутро, во исто време се отворија двете продавници на Pepco в...

Најчитани неделава