Кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат

Зошто мажот ненадејно завршил во болница? Која е тајноста за долговечноста и добрата форма на старите брачни парови? Од овие вицеви нема да научите ништо паметно, но добро ќе се насмеете...

kratki-vicevi-za-brachni-parovi-shto-slatko-kje-ve-nasmeat-01.jpg

Вицевите за брачни парови секогаш се интересни и забавни затоа што речиси сите ние можеме да се пронајдеме во нив или, пак, да го препознаеме однесувањето на луѓето што ни се блиски.

Во вечерните седенки и дружби со пријателите можете да кажете и некој добар виц, а овие шеги сигурно ќе ви бидат добредојдени и ќе ве насмеат.

Издвојуваме неколку кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат и ќе ви го подобрат расположението:

Готвење

Момчето и девојката водат сериозен разговор пред венчавката.

Момчето ја прашува девојката: „Дали ќе ми готвиш сѐ додека смртта не нѐ раздели?“

Девојката му одговара: „Ако почнам да ти готвам, смртта брзо ќе нѐ раздели!“

Незадоволство

Ако мажот не се чувствува среќно и задоволно откако купил нов автомобил, тоа значи дека најверојатно го купил за сопругата и морал самиот да го плати.

Средба

Мажот добива порака од пријателот: „Здраво брат, како си?“.

„Ништо еве во болница...“ – одговара мажот.

„Како бе во болница, пред еден час те видов како разговараш со една згодна девојка низ град. Што се случи?“ – го прашува пријателот.

„Ништо бе брат, и жена ми ме видела!“ – одговара пријателот.

Славење

Брачен пар вечерал во ресторан, а до нив на масата седел човек во видно алкохолизирана состојба. Сопругата почнала упорно да зјапа во него, заради што сопругот ја прашал:

„Што зјапаш толку? Да не го познаваш случајно?“

„Да! Тоа ми е бившиот сопруг и не престана да пие откако го оставив пред седум години“ – одговорила жената.

„Како да не! Не верувам дека некој може толку долго да слави!“ – рекол сопругот.

Пекол

Една девојка си дошла дома мошне тажна, па почнала да ѝ раскажува на мајка ѝ:

„Мамо, Трпе ме побара за жена...“

„Добро, зошто си тажна тогаш?“ – прашала мајката.

„Затоа што ми кажа дека е атеист и не сака да се венчаме во црква. Мамо, тој дури и не сака да верува дека постои пеколот...“ – одговорила девојката.

„Не грижи се... Тука сме ние, ќе му покажеме дека треба да верува!“

Фит пар

Повозрасен брачен пар бил на посета кај лекар, па ги прашале во што е нивната тајна за добро здравје и младовечност, на што дедото почнал да раскажува:

„Ние сме во брак 75 години. Кога се земавме ѝ ветив на жена ми дека секојпат кога ќе се скараме ќе пешачам по 5 километри и така овие 75 години секој ден пешачам по толку...“

Докторот на ова одговорил:

„Браво. Тоа е супер... Ама како и сопругата е во топ форма?“.

Дедото одговорил:

„Е па инает жена. Секој ден оди по мене да провери да не лажам и дали пешачам точно по пет километри...“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Како ви паѓа толку коса, а не сте ќелави“ и уште 8 прашања кои ги мачат мажите во врска со жените  „Зошто сакате мажот да избере ресторан или хотел, а потоа го бојкотирате н...
Кратки вицеви за Мујо што ќе ве насмеат до солзи Мујо: „Фато, кога ќе умрам, ќе плачеш ли?“ Таа му одговара: „Ќе плачам Мујо, зна...
Смешна фото-компилација: Подароци што можете да ги добиете само од баба Ранец со слика од Исус, конзерви туна за Божиќ – кој е најлудиот подарок што сте...
Вицеви за снаи и свекрви на кои слатко ќе се насмеете Немаме намера да навредиме никого, а целта ни е само слатко да се насмееме. Колк...
Смешна компилација: Луѓе кои имале многу полош ден од вас Истурено кафе, автомобил заглавен во песок на плажа, скршена рерна… Истурено ...
10 (малку навредливи) вицеви кои добро ќе ве насмеат „Другар, колку години ти има девојката? 44 години. Ха-ха, па таа може мајка да м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg