Еврејски виц

evrejski-vic-povekjeЈакоб, кој живеел во Тел Авив му телефонирал на синот Сeмуел, кој емигрирал во Њујорк и му рекол: „Извини што ти го расипувам денот, но морам...


...да те известам дека јас и твојата мајка се разведуваме, 45 години страдање е премногу.

„Тато, како можеш такво нешто да кажеш? И тоа баш пред Божиќните празници“, негодувал синот.

„Не можеме повеќе ни да се гледаме“ одговорил таткото, „уморни сме еден од друг и од целата приказна, но направи ми услуга и јави и на твојата сестра Ана во Чикаго...“ и нагло ја прекинал врската.

Разочаран синот ја побарал сестра си, која потполно побеснелa: „Како се разведуваат....во нивни години? Јас ќе се погрижам за таа работа“.

Така ќерката му телефонирала на таткото и му рекла: „Не можете да се разведете. Немојте ништо да правите додека не дојдеме ние. Дали ме слушна добро- НИШТО...чекајте нè!“

Таткото ја прекинал врската, се свртел кон жената и и рекол: „Ребека, сè е одлично, двајцата доаѓаат да ги поминат празниците со нас и сами си ги плаќаат авионските карти!“

Би можело да ве интересира:

Хит видео: 3 продавачки ѝ вадат чизма на сопругата на Андрија Милошевиќ - актерот ѝ фаќа сеир Додека ја снима сопругата како пробува да ја извади заглавената чизма со помош о...
Српска пејачка ќе го крсти кучето, бара најдобрата другарка да му биде кума - Шеговитото видео е хит... „Се шегуваш сега? Не си нормална! Во ред, го разбирам тоа, но... О Боже, чекај д...
Трагикомична фото-компилација: Луѓе сигурно кои едвај чекаат да дојде викенд Замислете да му го скршите новиот лаптоп на менаџерот, да ви се скрши тоалетната...
Смешна фото-компилација: Разочарувањето кога ќе ви стигне нарачката од TEMU Погрешни димензии, потполно различен производ, па и празна кутија – колкупати ви...
12 докази дека машката и женската логика се различни како небо и земја (фото) „Го прашав сопругот колку е долга кујнската маса - ми испрати фотографија на кој...
Смешна фото-компилација: Кога готвачите користат сè, освен чинија за сервирање Вегански оброк сервиран на коска или, пак, јадење послужено на делче од скршена ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg