Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


6 типови на работници во македонските компании (шеговито и за забава)

Амали, џетсетери, непостоечки.... Кој тип на работник во македонските компании ви е најнеомилен, а кој тип на работник сте вие? 

6-tipovi-na-rabotnici-vo-makedonskite-kompanii-shegovito-i-za-zabava-01.jpg

Какви се луѓето во компанијата каде што работите? Како би ги опишале како работници нив?

А сега искрено – како би се опишале себеси? Во која категорија припаѓате?

Ајде да се пошегуваме малку на своја сметка, се разбира, чисто за забава и без лутење.

Типови на работници во македонските компании:

Амали

Тој работи сè што ќе му се каже до исцрпување. Нема премногу креативни идеи, но е многу вреден работник и без ова „тркалце“ во системот компанијата не би функционирала.

Шминкери

Тие многу зборуваат, глумат важност, дури се нападни во себепромоцијата, а често забораваат да подработат (барем) нешто.

6-tipovi-na-rabotnici-vo-makedonskite-kompanii-shegovito-i-za-zabava-04.jpg

Џетсетери

Работат за статус во општеството и за да бидат видени, а не дека работа воопшто им е потребна. Прво што прават по промена на работното место е апдејтирање на статусот на LinkedIn.

Нарциси

Тие секогаш се полни со себе и се водат од она „Фали ме усто, оти ќе те расчепам“. И не дека не се способни и работливи, ама фалбите некогаш им се контрапродуктивни.

6-tipovi-na-rabotnici-vo-makedonskite-kompanii-shegovito-i-za-zabava-05.jpg

Непостоечки

Тие по можност би сакале да се сокријат под биро, никој да не види ниту кога дошле, на работа, ниту дали и што сработиле, а да си земат платиче на 1-ви. „Стопени во сивилото“ е нивното мото за опстанок.

Учители

Тие само диктираат кој, како и што треба да сработи, а самите не се способни ништо да направат. Способни се само да кажат како треба, но не и да покажат на дело.

Бонус:

Се разбира, целта на текстот е забава и вистината е дека постојат многу посветени и амбицизони работници, без коишто компаниите воопшто не би опстанале.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

13 шеги на кои работниците слатко ќе се насмеат (но, и шефовите) „Не ми пречи да доаѓам на работа, тоа ми е како 8-часовно чекање за да си одам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg