„Ако си го продадеш автомобилот, бубрегот и душата - можеш да си купиш стан во Скопје, без парно“

„Собирав пари да си купам стан во Скопје, но не собрав доволно, па си купив куќа во Валенсија, на брдо покрај океан“.

ako-si-go-prodadesh-avtomobilot-bubregot-i-dushata-mozhesh-da-si-kupish-stan-vo-skopje-bez-parno-01.jpg

Цените на недвижнините во Македонија, а особено во главниот град, екстремно се качени, а иста е ситуацијата и со кириите, па луѓето некогаш се жалат на таа тема, а некогаш и се шегуваат.

Шеги кои кружат на тема скапите цени на становите во Скопје:

„Собирав пари да си купам стан во Скопје, но не собрав доволно, па си купив куќа во Валенсија, на брдо покрај океан“.

„Оглас: Гарсоњера 35m2, цена: 90.000 eвра. Бонус: ако стоиш мирно, можеш да ја наречеш и спална“.

„Ако си го продадеш автомобилот, бубрегот и душата - можеш да влезеш во преговори за стан во Скопје без парно“.

ako-si-go-prodadesh-avtomobilot-bubregot-i-dushata-mozhesh-da-si-kupish-stan-vo-skopje-bez-parno-04.jpg

„Стан на последен кат – греј се од таванот, капи се од покривот. 360° искуство...“

„Кирија: 500 евра. Плус струја, вода, интернет, воздух, и ако дишеш трипати неделно - плус за кислород“.

„Гарсоњера во Аеродром: 30m2, цена 80.000 евра. Реклама: Интимен простор со минималистички шарм. Реалност: Шкаф со прозорец“.

ako-si-go-prodadesh-avtomobilot-bubregot-i-dushata-mozhesh-da-si-kupish-stan-vo-skopje-bez-parno-02.jpg

„Кога ќе кажеш дека сакаш стан во Центар, агентот автоматски те гледа како да си добил наследство од чичко во Америка“.

„‘Стан со панорамски поглед’ – гледаш право во ѕидот на соседот, ама ако се искачиш на стол, можеш да видиш дрво“.

ako-si-go-prodadesh-avtomobilot-bubregot-i-dushata-mozhesh-da-si-kupish-stan-vo-skopje-bez-parno-03.jpg

„Еднаш прашав колку чини стан со две спални. Агентот ми одговори: ‘А вие лото играте?’“

„Оглас: ‘Простор идеален за млад брачен пар’ – превод: 37m2, нема прозорец и има сосед кој вежба свирење тапани“.

ako-si-go-prodadesh-avtomobilot-bubregot-i-dushata-mozhesh-da-si-kupish-stan-vo-skopje-bez-parno-05.jpg

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Хит видео: Што можеш да правиш на Миконос за помалку од 50 евра - Да лежиш на песок, да седиш на ска... Високите цени на грчкиот остров Миконос секогаш се тема на дискусија и шеги, а с...
Хит приказна: Вработен во фирма им барал пари на заем на сите колеги... Еден дечко се вработи во мојата канцеларија пред шест месеци, и уште во првата н...
Смешна фото-компилација: Луѓе кои „станале на лева нога“ Заборавена пица во рерната, скршена тава од челик, скинат патент на првиот работ...
Двејн Џонсон стана меме поради смешната перика во Moana: „Мене уште ми изгледа ќелав“ „Му ја ставиле првата перика што им била при рака и почнале да снимаат“, гласи е...
Капија удира скијач по половиот орган, американски боб-тим се „крши“ на мразот: Најсмешни моменти од... „Плановите за инвазија на Гренланд се откажани“, се шегуваат на Твитер, откако а...
Меланија (повторно) стана меме поради огромниот шешир што го носеше на средба со кралското семејство Ја споредуваат со подна ламба, а некои велат дека под огромниот шешир, можеби се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg