Виц на денот: Дај по една тура!

vic-na-denot-daj-po-edna-tura

Кафана празна, во неа само двајца пијаници. Едниот му приоѓа на другиот и му вика:

-  Што има брате? Од кај си?

-  Од Македонија!

-  Е? Супер, и јас сум од Македонија. Да мавнеме по една за Македонија?

И пијат една тура заедно. Првиов пак прашува:

-  А, од кај од Македонија?

-  Од Прилеп!

-  Ух, Прилеп?! Браво друже и јас сум од Прилеп! Дај да мавнеме уште по една тура за Прилеп!

Се напиле уште една тура кога првиов пак:

-  А, во кое школо си учел средно?

-  Па, матурирав тука одма кога ќе излезеш, лево.

-  Леле, и јас! Дај уште по една чашка!

И така пијат уште две тури, кога во кафаната влегол некој стален гостин па го прашува келнерот:

-  Па, што има денес?

Келнерот му одговара:

-  Ништо друже, близнациве пак се камен пијани!

Би можело да ве интересира:

Смешни (и тажни) фото-докази дека не секој има талент за правење фризури и шминкање Пудра која е пет нијанси потемна од вратот, неуспешно фарбање во домашни услови ...
12 докази дека машката и женската логика се различни како небо и земја (фото) „Го прашав сопругот колку е долга кујнската маса - ми испрати фотографија на кој...
„Зошто се мучите?“: Шеговито видео од Скопски маратон - Аеродромци кулираат со гитара додека маратон... На социјалните мрежи се споделува видео од двајца мажи кои ‘кулираат’ седнати во...
Хит-коментари од туристи кои биле на Егремни, плажата со 400 скали: „Видов бела светлина и покојната... „Бевме еднаш јас и сопругата - не разговаравме 3 дена после тоа“, „Не би се симн...
Смешни промашувања од дизајнери кои очигледно си ја мразат работата (фото) Јавен тоалет во кој можат да ве видат од сите страни, мијалник кој ќе ве направи...
„Знаете како завршува ова“: Фотки направени миг пред да се случи катастрофа Семејство кое позира на дрвен мост кој се крши, жена која несвесно стои до кроко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg