Кревет или торта?

Мажот седи во дневната соба и гледа фудбалски натпревар, кога жената го прекинува со едно прашање.

„Драги, ќе можеш ли да ја смениш сијалицата во ходникот? Веќе одамна трепери.“

krevet-ili-torta-01

Ја погледнува по малку чудно и ја прашува: „Мислиш сега, одма да го поправам светлото?! Дали мене на челото ми пишува дека работам како електричар?! Нема да може!“

„Добро, тогаш дали можеш да ја поправиш вратата на фрижидерот? Не дихтува добро.“

„Да ти ја поправам вратата на фрижидерот? Добро, дали јас ти личам дека сум мајстор?“

„Добро, а дали можеш барем да ги погледнеш скалите? Во секој момент може да се скршат. Опасно е.“

„Не сум ти јас столар и нема шанса да ти ги поправам скалите само затоа што ти мислиш дека е опасно! Доста ми е! Јас одам во кафана!“

Стигнал во кафана, испил неколку пијачки, кога кривицата почнала да го обзема заради односот спрема неговата жена. Решил конечно да се врати после неколку часовно мислење.

Како се приближувал кон куќата, ги видел скалите поправени. Како што ја отворил вратата, гледа дека сијалицата веќе не трепери. Свртел до кујната да земе едно пиво, кога,  вратата од фрижидерот дихтува.

Тивко ја прашал својата жена: „Душо кога успеа сè ова да се среди?“

„Па, само што си отиде, седнав надвор пред куќата и малку заплакав. Баш тогаш наиде еден мил човек и ме праша какви проблеми имам. Не знам зошто, ама сè му раскажав. Се понуди да поправи сè што не е во ред, а за возврат само ќе треба да одам во кревет со него или да му направам торта...“

„И, која торта му ја направи?“

„ Алооооо, дали на челото ми пишува дека работам во слаткарница?! “

Би можело да ве интересира:

Хит видео: Што можеш да правиш на Миконос за помалку од 50 евра - Да лежиш на песок, да седиш на ска... Високите цени на грчкиот остров Миконос секогаш се тема на дискусија и шеги, а с...
Смешни (и тажни) фото-докази дека не секој има талент за правење фризури и шминкање Пудра која е пет нијанси потемна од вратот, неуспешно фарбање во домашни услови ...
12 докази дека машката и женската логика се различни како небо и земја (фото) „Го прашав сопругот колку е долга кујнската маса - ми испрати фотографија на кој...
Хит-коментари од туристи кои биле на Егремни, плажата со 400 скали: „Видов бела светлина и покојната... „Бевме еднаш јас и сопругата - не разговаравме 3 дена после тоа“, „Не би се симн...
Смешна компилација: Мемиња во која ќе се пронајде секоја жена Дали плачете кога сте под многу стрес? А, дали ви се случува да ви се размачкаат...
Двејн Џонсон стана меме поради смешната перика во Moana: „Мене уште ми изгледа ќелав“ „Му ја ставиле првата перика што им била при рака и почнале да снимаат“, гласи е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg