Плачкото, тепачот: 7 видови губитници во секоја друштвена игра

Кој игра, некогаш мора и да загуби. За некого губењето е составен дел од натпреварувањето, а за некого начин на живот. Сите ние познаваме по некој губитник кој не знае да го прифати поразот.

7-vida-na-gubitnici-na-sekoj-drustven-natprevar1.jpg

Еве на какви сè губитници може да налетате натпреварувајќи се со вашите пријатели или непријатели:

1. Плачкото

Ова е човек кој причината за поразот ја наоѓа во сè, и бара преигрување на натпреварот сè додека не победи тој. Најчесто тоа не се случува, па тој си заминува во солзи, по што и го добива прекарот.

2. Кршачот

Играте ФИФА турнир со пријателите, доаѓа тој на ред и турнирот завршува тука поради недостиг на контролери. Ова е човекот кој може да скрши сè во негова близина, во зависност од висината на поразот. Започнува со удирање по масата, па фрлање на контролерот во некој од околните ѕидови, а крајната фаза е со столче во монитор или телевизор. Другарите добро го знаат неговиот темперамент, па кога случајно ќе победат, даваат сè од себе тоа да изгледа како да било грешка.

3. Гласниот

Сличен на „кршачот“ меѓутоа со многу помирен темперамент, овој човек ќе го чуе цело маало дека изгубил во дадената игра. За среќа на пријателите, најлошото нешто што може да им се случи е само да оглуват од неговото викање.

4. Тепачот

Кога сме кај последици... Сите ние кои детството сме го поминале во играчници, познаваме барем еден ваков лик. Ова е човек кој гневот од својот пораз го „истура“ врз најблискиот поситен човек од него. Најчесто е детето кое за беља го исмевало додека игра, па претходните „жртви“ на неговиот потсмев и не се нешто многу загрижени за здравствената состојба на тоа дете.

5. Тивкиот

Најчесто станува збор за оној кој е најгласен кога води, и не пропушта прилика да се потсмева на противникот за неговата негатива. Меѓутоа, кармата е тука за да ги исправи работите, па како повеќе и повеќе ја губи контролата на натпреварот, така станува се потивок и потивок, за на крај од него да се слуша само гласното и нервозно дишење на нос.

6. Семјуел Л. Џексон

Овој човек претставува движечка енциклопедија за псовки и погрдни зборови. Неговите псовки не познаваат граници, па така започнува со судијата, па играта, па топката, па сè до времето и временските услови, за на крај да ги опфати и пријателите и ривалите околу него.

7. Насмеаниот

Човекот кој воопшто не се замара со натпреварувањето, туку сака да се забавува. Дојден е да се дружи и да ги набљудува лудите пријатели кои си вадат очи поради игра. Кога тој губи, ништо страшно, можеби ќе се потруди некогаш да научи да игра подобро, а до тогаш, пивцето во рака и фаќај си сеир од страна.

еНВи | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Смешни фотки од родители кои докажуваат животот со деца не е воопшто лесен Коса заплеткана во играчка, плачење за најчудните работи и правење хаос низ домо...
Износени чорапи, дотраен далечински управувач: Фото-докази дека не ги фрламе предметите, иако одамна... Четка за заби со две-три влакна и чорапи кои веќе станале проѕирни – на некои лу...
Смешни (и тажни) дизајни на играчки - Дали би ги купиле? (фото) Некои играчки се направени според толку ужасен дизајн при што финалниот производ...
Смешни фото-докази – Зошто некогаш е подобро да платите поскапо? Ужасна хотелска соба или фризер кој ве потстрижува практично бесплатно, но потоа...
Смешна компилација: Што сè прават луѓето за интернет слава? Тверкање среде улица, бизарно танцување во супермаркет, неуспешни обиди за прово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg