Првоаприлски шеги и замки кои може да им ги направите на блиските – ќе се смеете со денови


Првоаприлски шеги и замки кои може да им ги направите на блиските – ќе се смеете со денови

Кога пандемијата спречува организирање на маскенбал, сепак ништо не може да не спречи да направиме забавни „пренкови“ на кои ќе наседнат најблиските, а ќе се смеете на нив со денови.

prvoaprilski-shegi-i-zamki-koi-mozhe-da-im-gi-napravite-na-bliskite-kje-se-smeete-so-denovi-01.jpg

Први април е Ден на шегата, па зошто да не го искористите денот да се пошегувате на туѓа сметка и да внесете расположение во монотоните денови исполнети со мрачни мисли поврзани со пандемијата.

Годинава, како и минатата, нема да има забави за маскирање, иако никој не ве спречува да си направите домашен маскенбал со семејството, посебно ако имате деца.

Но, она што сите може да го направиме, е добра шега или замка на која ќе паднат нашите најблиски, пријателите или колегите на работа.

Секако, бирајте за кого каква шега би направиле – не секој може да поднесе секаква замка. Некој ќе се изнервира, некој многу ќе се исплаши, а некој со денови ќе се смее.

Во продолжение неколку безвременски идеи за шеги кои секогаш поминуваат добро:

Филот во Орео колачињата заменете го со паста за заби

prvoaprilski-shegi-i-zamki-koi-mozhe-da-im-gi-napravite-na-bliskite-kje-se-smeete-so-denovi-02.jpg

Ако користите обичен сапун, намачкајте го со проѕирен лак – нема да создава пена

prvoaprilski-shegi-i-zamki-koi-mozhe-da-im-gi-napravite-na-bliskite-kje-se-smeete-so-denovi-03.jpg

Создадете илузија на истурен лак за нокти врз тепих

Во лак за нокти истурете лепак, промешајте, а потоа истурете врз хартија. Почекајте лакот да се залепи и зацврти со цел да изгледа како да тече, а кога ќе бидете сигурни дека е исушено и нема повеќе течност, исечете ја хартијата и така поставете ги врз површина каде сакате да изгледаат дека се истуриле.

Напомена: Бидете сигурни дека лепакот е засушен и нема повеќе што да истече од лакот за да не го оштетите мебелот или тепихот навистина.

prvoaprilski-shegi-i-zamki-koi-mozhe-da-im-gi-napravite-na-bliskite-kje-se-smeete-so-denovi-04.jpg

Изненадете ги колегите на работа со лажна пица

prvoaprilski-shegi-i-zamki-koi-mozhe-da-im-gi-napravite-na-bliskite-kje-se-smeete-so-denovi-05.jpg

Одберете некој со силно срце за изненадување со свиреж

prvoaprilski-shegi-i-zamki-koi-mozhe-da-im-gi-napravite-na-bliskite-kje-se-smeete-so-denovi-06.jpg

Кој најмногу ќе се нервира ако си го начека автомобилот излепен со налепници?

prvoaprilski-shegi-i-zamki-koi-mozhe-da-im-gi-napravite-na-bliskite-kje-se-smeete-so-denovi-07.jpg

А, кој ќе почне да бара виновници кога ќе види лажна дамка од млеко на тастатура?

Лажната дамка може да ја направите со бел лепак на проѕирна, цврста фолија.

prvoaprilski-shegi-i-zamki-koi-mozhe-da-im-gi-napravite-na-bliskite-kje-se-smeete-so-denovi-08.jpg

Уште 7 шеги на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Работи кои сите ги правевме пред 10 години, а денес не би ги повториле Лоши филтри за фотки, смешни пози и однесувања – од кои работи денес се срамиме,...
Што им кажуваме на пријателите во лице vs. Што кажуваме позади грб? Сите ние имаме најдобри пријатели кои ги обожаваме, за кои секогаш сме тука и об...
Првоаприлски шеги на кои ќе се смеете со денови Ако сакате да се смеете на туѓа сметка и да приредувате несакани изненадувања, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg