Виц: Мујо и Хасо лекари

vic-mujo-i-haso-lekari-povekjeОтвориле Мујо и Хасо лекарска ординација во Швајцарија. Добро им тргнало, пациенти сè почесто почнале да доаѓаат, а потоа и да ги напуштаат...


...швајцарските клиники и да доаѓаат во онаа на Мујо и Хасо.

Го виделе тоа Швајцарците, па одлучиле да испратат свој лекар како пациент да види во што е тајната на нивниот успех.

Влегол швајцарскот лекар во ординацијата и му се обратил на Мујо:

- „Имам проблем со осетот за мирис.“

- „Хасо! Лек број 5!“, извикал Мујо.

Донел Хасо канта со гомна и му ја ставил под нос на Швајцарецот.

- „Аууу смрди!“, извикал овој.

Му се обратил Мујо на Хасо:

- Пиши: „Излечен“.

Како што поминувало времето, на Швајцарците не им останал ниту еден пациент. Повторно се решиле да го пратат истиот лекар, само овој пат со поинаков проблем.

Дошол лекарот кај Мујо и Хасо и се пожалил:

- „Неодамна имав несреќа, го изгубив помнењето, на ништо не се сеќавам.“

Мујо извикал:

- „Хасо! Лек број 5!“

- „Не!“, викнал Швајцарецот.

Мујо извикал:

- Хасо, пиши: „Излечен!“

Би можело да ве интересира:

Фотки кои ќе ги разберат луѓе кои готват по рецепт (и никогаш не им излегува како што треба) Колку пати ви се случило да готвите точно по рецепт и резултатот да биде тотално...
Фото-компилација: „Ремек-дела“ од мајстори кои едвај чекале да си одат дома Велосипедска патека која минува преку ограда, банкомат поставен на височина од м...
Фото-компилација што ќе ве разгневи: Навики со кои луѓето ги иритираат нивните партнери Дали вашиот партнер никогаш не става нова ролна тоалетна откако ќе ја потроши ст...
„Знаете како завршува ова“: Фотки направени миг пред да се случи катастрофа Семејство кое позира на дрвен мост кој се крши, жена која несвесно стои до кроко...
Хит видео: Меланија ја игнорира Камила откако се појави Кејт - твитерџиите се шегуваат дека е како и... „Кралицата: Девојче, оди и најди го маж ти. Јас и Меланија треба да разговараме ...
Српска пејачка ќе го крсти кучето, бара најдобрата другарка да му биде кума - Шеговитото видео е хит... „Се шегуваш сега? Не си нормална! Во ред, го разбирам тоа, но... О Боже, чекај д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg